fbpx

Brabus направи вистински монструм од Mercedes-AMG GLS 63

Тјунерската куќа Brabus смета дека најголемиот SUV на Mercedes зад кои стои одделот AMG, треба да добие значително помоќен мотор

Brabus е еден од оние тјунери кој е најпознат по своите афтермаркет креации базирани на моделите на Mercedes. Сега, германскиот тјунер се одлучи да подготви свој третман за SUV знаменосецот на Mercedes, моделот AMG GLS 63, кој го доби називот Brabus 800. Иако станува збор за SUV со три реда на седишта, тоа воопшто не е проблем за тјунерската компанија.

Во Ботроп не прават исклучоци, па се позанимаваа и со најголемиот модел кој Mercedes го има во својата понуда. А, како и секогаш, овој производ на Brabus е направен со стил кој го следи препознатливиот формат на Brabus.

Со оглед на тоа дека станува збор за масивна машина, па компанијата имаше доволно простор за да си „поигра“ со изгледот и перформансите на моделот кој го носи името Brabus 800. Кога станува збор за дизајнот, изобилието на карбонски елементи додаваат еден суптилен, а сепак значителен бенефит на перформансното возило, бидејќи покрај изгледот, овие додатоци имаат управувачки и перформансни ефекти, особено кога станува збор за унапредувањата на воздушниот систем на потпирање и намалувањето на клиренсот за 25 милиметри, додека самиот модел е поставен на масивни 24-инчни тркала.

Секако, Brabus третманот продолжува и во внатрешноста, со луксузен кожен тапацир кој ја обложува кабината. Сепак, најдобирот дел од ова унапредување се наоѓа под хаубата.

Имено, 4,0-литарскиот V8 мотор на Mercedes е опремен со нови турбополначи и поинаква централна управувачка единица, па така возачот наместо 612 КС и 850 Nm, може да смета на моќност од 800 КС и 1.000 Nm максимален вртежен момент.

Brabus AMG

Овој моќен Mercedes-AMG GLS 63 со Brabus третман, благодарение на унапредувањата, од нула до „стотка“ може да стигне за фантастични 3,8 секунди и развива електронски ограничени 250 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button