fbpx

Викенд тарифа: Како Монте Карло се трансформира за Formula 1

Големата награда на Монако има длабока историја во Formula 1, а најмалата нација на светот прерасна во синоним за најбрзиот циркус на планетата

Монако е едно од најскапите и најбогати места на светот, а веројатно ја има најголемата густина на суперавтомобили во светот. Но, значителноста на ова место во светот на автомобилизмот има далеку поголема улога, со оглед на тоа дека една од најпрестижните и најважните трки во светот се одржува тука. Станува збор за Главната награда на Монако во Formula 1.

Првата F1 трка во Монако се одржала во 1950 година, а од 1955 се појавила во секој календар на Formula 1 досега. Изгледот на патеката се има променето многу пати низ годините, но во најголем дел останала иста во последните шест децении. Сега, се појави ново и интересно видео кое не води во Монако за да сведочиме на промените кои се прават во кнежеството пред секоја трка. Постоја многу работи кои треба да се подготват пред трките, од конструкцијата на трибините, бариерите и целите медија центри, па се до поставување нова подлога на патиштата. Секоја година, околу една третина од 3,3-километри долгата патека се планира и се поставува нова површина.

Како изгледа целиот процес, можете да видите во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button