fbpx

Kimera EVO37 е модерна интерпретација на легендарната Lancia 037

Италијанската компанија наречена Kimera Automobili го претстави својот модел EVO37 која е реосмислена верзија на легендарната Lancia 037

Lancia 037 доби своја модерна интерпретација благодарение на Kimera Automobili, италијанска компанија која го претстави својот нов модел наречен EVO37, кој го комбинира изгледот на легендарниот рели автомобил со модерни технологии

За напојувањето на Kimera EVO37 е задолжен 2,1-литарскиот четирицилиндерски мотор како кај оригиналниот 037. Сепак, овој мотор доби свој редизајн под водство на Клаудио Ломбарди, кој е задолжен за производството на агрегати за оригиналните рели автомобили. Моторот во себе содржи суперполнач и турбополнач и испорачува над 500 КС и 550 Nm максимален вртежен момент кои се испраќаат на задните тркала преку мануелен менувач.

Kimera вложи сериозни напори во тоа да го направи EVO37 во значителна перформансна машина. Со оглед на тоа, се карактеризира со редизајниран систем на потпирање од Ohlins и унапредени сопирачки од Brembo, а притоа автомобилот е поставен на 18-инчни предни и 19-инчни задни тркала.

Оригиналната Lancia 037 се одликуваше со каросериски панели од фајберглас, но Kimera кај својот модел ги заменува истите со лесни карбонски делови. Остатокот од екстериерот ја има истата форма како легендарната Lancia 037, а еден од највпечатливите моменти е новата црвена нијанса, иако купувачите ќе можат да изберат меѓу неколку финиши на екстериерот.

Kimera EVO37

Kimera Automobili ќе произведе само 37 единици од EVO37, а секој од нив ќе чини 480.000 евра. EVO37 ќе биде претставен на престојниот Goodwood Festival of Speed, а испораките до купувачите ќе започнат во септември.

Поврзани вести

Back to top button