fbpx

Bentley Bentayga S дебитира со спортски изглед и V8 мотор

По дебито на освежените Bentayga и Bentayga Speed, Bentley ја проширува поставата на својот луксузен SUV со додавањето на новата Bentayga S

Bentley ја претстави новата S варијанта на својот SUV Bentayga, која е дизајнирана да долови уште поголема агилност. Toa со себе носи поспортски екстериер со затемнети светлечки групации, сјајни црни акценти и поголем заден спојлер за поголема аеродинамична стабилност при повисоки брзини.

Од Bentley истакнуваат дека Bentayga S е одговорот на потребите на голем број клиенти кои уживаат во динамичните перформанси на нивниот SUV. Една од најзначителните карактеристики на новата S верзија е таканаречениот Bentley Dynamic Ride системот. Станува збор за активна „анти рол“ технологија која користи 48-волтен систем, за кој производителот вели дека е прв во автомобилската индустрија. Системот може да реагира за само 0,3 секунди овозможувајќи до 1.300 Nm максимален вртежен момент во свиоците. Bentley ветува дека системот, кој е стандарден на Bentayga S, нуди отпимална стабилност во кабината и максимален контакт со пневматиците.

Bentayga S

Уште едно унапредување во однос на стандардната Bentayga е Sport возачкиот режим со унапредено управување, пореспонзивна педала за гас и до 15 проценти покрут систем на потпирање благодарение на зголемиот притисок во амортизерите. Новиот перформансен издувен систем пристигнува како стандарден. На крајот, системот за векторирање на вртежниот систем е рекалибриран кај Bentayga S.

Bentayga S

Спортски стајлинг

Поспортската Bentayga може да се разликува и по голем број визуелни унапредувања. Кога станува збор за екстериерот, покрај затемнетите светлосни групации и новиот спојлер, тука се и црните капаци на ретровизорите и соодветни S обележја. Спортскиот стајлинг продолжува и во кабината, каде дизајнерите додадоа нови седишта со S логоа на потпирачите за грб, а тука е и уникатниот трим, осветлените прагови и истиот инструмент кластер од Bentayga Speed. Секако, највпечатлив е тапацирот од Алкантара кој се наоѓа на седиштата, управувачот, селекторот за брзини и покривната прекривка.

Bentayga S

Под хаубата нема никакви унапредувања. 4,0-литарскиот битурбо V8 испорачува 550 КС и 770 Nm максимален вртежен момент. Спринтот од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) се достигнува за 4,4 секунди, додека максималната брзина е 290 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button