fbpx

Hyundai ги крати моторите на внатрешно согорување

Hyundai се подготвува за следната фаза во автомобилската еволуција, а тоа е електрификацијата, поради што ја скрати понудата на мотори со внатрешно согорување

Како што пренесува Reuters, Hyundai Motor Group, повикувајќи се на анонимни извори блиски до компанијата, раководството на корејскиот производител во март одобрил план според кој ќе се скрати бројот на мотори на внатрешно согорување за половина. Со овој потег е предвидено буџетите на Hyundai да се насочи кон понатамошен развој на своите платформи, батерии и мотори за електрични автомобили.

Корејската компанија планира да продава околу еден милион електрични возила годишна, а со тоа сака да заземе 10 проценти од глобалниот ЕВ пазар, а Hyundai треба да ја финализира и прецизира својата стратегија за електрични автомобили во следните шест месеци. Според плановите, производителот сака да стсане целосно електричен производител до 2040 година.

Ioniq 5

Иако не коментираат околу ситуацијата со кратењето на моторите на внатрешно согорување, Hyundai Group потврди дека се надева на зголемување на ЕВ понудата во САД, Европа и Кина, а исто така истакна дека го „забрзува прифаќањето на еколошки возила кои користат водородни горивни ќелии и електрична енергија“.

Како што се истакнува, намалувањето на возила кои користат конвенционални мотори ќе биде клучен дел од планот на Hyundai. Овој потег ќе и овозможи на компанијата да ги пренасочи своите ресурси за истражување и развој кон развивање на компоненти за електрични автомобили. Hyundai веќе истакна дека ќе го намали бројот на бензински модели во Кина од 21 на 14 оваа година, а притоа ќе лансира нов електричен модел секоја година почнувајќи од 2022.

Со ова, Hyundai го следи примерот на неколку други производители, со оглед на тоа дека Volkswagen групацијата го паузираше развојот на нови мотори на внатршено согорување, додека Stellantis повеќе нема да инвестира во ваквиот тип на агрегати. Сличен потег најавија и германскиот гигант Daimler, шведскиот производител Volvo, како и Ford, GM и Jaguar.

 

Поврзани вести

Back to top button