fbpx

Kia ги објави првите тизери за новиот Sportage

Корејскиот производител Kia ги објави првите тизер фотографии за целосно новата генерација на Sportage кој наскоро ќе ја доживее својата премиера

Kia полека се подготвува за премиерата за целосно новиот Sрortage, а во пресрет на дебито, корејскиот производител објави неколку тизер фотки. Од истите, може да се забележи дека Sportage нема да наликува ни приближно на некој од своите претходници. По глобалната премиера во Јужна Кореа, Kia ќе ја претстави европската верзија во септември.

Новиот Sportage ќе се одликува со новиот дизајнерски јазик на компанијата наречен Opposites United. На предниот дел ќе се наоѓа црната решетка која е придружувана од впечатливи фарови со мошне храбри LED дневни светла. На задниот дел забележливи се уште поинтригантните LED светла, како и суптилниот покривен спојлер.

Една тизер фотографија го открива и изгледот на ентериерот на новиот Kia Sportage, а на истата се забележува дека централната конзола ќе добие сличен изглед како кај целосно електричниот Kia EV6. Тоа значи заоблена стаклена целина во која ќе бидат вградени дигиталниот инструмент кластер и инфозабавниот екран.

Sportage

„Влечејќи ја инспирацијата од етосот кој го креиравме каде природата се сретнува со модерното, новиот Sportage ги предизвикува дизајнерските норми со авантуристички, а сепак современ екстериер и прекрасно детализиран и пионерски ентериер. Со новиот Sportage, не сакавме само да направиме чекор напред, туку потег кон целосно ново ниво во SUV класата“, истакна потпретседателот и шефот на глобалниот дизајнерски центар на Kia, Карим Хабиб.

Целосниот дизајн на Kia Sportage ќе биде прикажан на 8 јуни, а повеќе детали компанијата ќе открие во следните денови.

Поврзани вести

Back to top button