fbpx

Освежениот A5 Sportback во салонот на Audi

Audi подготви освежување за A5 Sportback на средина од неговиот животен век, а рестилизираниот модел сега е достапен и во продажниот салон на Audi во Скопје

Со освежувањето на целосната A5 постава, варијантата A5 Sportback исто така доби свој третман. Токму овој освежен модел сега успеавме да го забележиме во продажниот салон на Порше Македонија.

A5 Sportback

Моделот се одликува со нови фарови и задни светла кои добиваат нов светлосен потпис, а конкретниот модел кој го забележавме е Audi A5 Sportback 40 TFSI S Line, што со себе носи дополнително ниво на елеганција. Меѓу визуелните промени треба да се истакне и ревидираната Singleframe предна решетка која сега е пократка и поширока и се одликува со детали кои потсетуваат на легендарниот Audi Sport Quattro. Браникот исто така мина низ рестилизација и сега добива поголеми отвори за воздух. На задниот дел се наоѓа новиот дифузер со трапезоидни издувни цевки, кои заедно со новиот изглед на светлата даваат впечаток дека автомобилот е поширок од претходно. Сите модели пристигнуваат со стандардни LED светла, а Audi нуди и Matrix LED фарови и LED задни светла со динамични индикатори за насока како опција.

A5 Sportback

Автомобилот се напојува со турбо 2,0-литарски бензински мотор со 204 КС и 320 Nm максимален вртежен момент. Во конкретната спецификација пристигнува со седумстепен S Tronic трансмисија, овозможувајќи му на моделот да достигне од 0 до 100 км/ч за 7,5 секунди.

Кога станува збор за внатрешноста, Audi додаде нешто поголем екран, па така сега тука е новиот 10,1-инчени MMI систем кој е базиран на третата генерација на инфозабавна платформа и поседува почиста структура на менито. Системот пристигнува и со неколку конективни услуги.

A5 Sportback

Конкретниот модел кој успеавме да го забележиме има цена од околу 72.000 евра, а за повеќе информации посетете го официјалниот сајт или продажниот салон на Audi во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button