fbpx

Авто Чајка е нов дилер на Gazelle Next возилата

Gazelle Next зема се поголем замав на македонскиот пазар, а новата понуда може да се добие и во салонот на Авто Чајка во Штип

Компанијата Авто Чајка стана нов дилер на возилата Gazelle Next во Македонија и стартуваше со промотивна кампања од 3.500 евра. Официјалниот застапник и импортер на Gazelle во Македонија, ABC Brother, ја најави соработката со еден од најпознатите и најстарите автомобилски дилери во земјава.

Авто Чајка е компанија од Тетово со традиција од 27 години кога станува збор за продажба и сервис на патнички и товарни возила, а во салонот во Штип сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат и возилата од Neхt серијата на Gazelle и да се уверат во нивните квалитети.

Gaz-elle-Cajka

Комерцијалните возила на еден од најголемите производители во Европа се одликуваат со голема доверливост и сигурност, а поради тоа нивната застапеност на македонскиот пазар се зголемува. Со цел да ги пресретнат побарувањата и да излезат во пресрет на купувачите, официјалниот импортер ABC Brother и дилерот Авто Чајка нудат нови, специјални услови за сите заинтересирани. Имено, во следниот период активна е промотивната кампања Gazelle Next Run Out, при што се нудат промотивни попусти до 3.500 евра, додека на сила се и промотивните цени за Gazelle Next Single Cab (15.200 евра), Gazelle Neхt Double Cab (16.500 евра) и Gazelle Next Van (16.500 евра).

За сите заинтересирани купувачи се нудат одличи услови со финансирање на кредит со каматна стапка од 4 проценти, финансирање на кредите без сопствено учество и секако 3 години гаранција на возилата, или 150.000 поминати километри.

За потсетување, Gazelle Next возилата се одликуваат со голем број предности кои му нудат на вашиот бизнис сигурен партнер во секојдневието. Овие комерцијални возила се одликуваат со висока цврстина на камионската шасија со двојни тркала на задната оска. За погонот е задолжен висококвалитетниот и моќен Cummins 2,8-литарски турбо дизел агрегат, додека сервисниот интервал изнесува 20.000 километри. Gazеlle Nеxt комерцијалните возила се одликуваат со најниска набавна вредност во класата, како и најниски трошоци за одржување.

 

Поврзани вести

Back to top button