fbpx

Citroën C3 Aircross ја освои титулата AUTOBEST 2018

Новиот Citroën C3 Aircross е победник во изборот AUTOBEST 2018, односно тој е Best Buy Car of Europe 2018, автомобил кој нуди најмногу за својата цена

Титулата AUTOBEST се доделува по 17 пат. Членовите на жирито од вкупно 31 држава, специјализирани новинари од сферата на автомобилизмот, му доделија вкупно 1.423 бода, или 121 предност пред Opel Grandland X. Volkswagen T- Roc остана трет со вкупно 1.205 бода, а во финалното рангирање следат Seat Ibiza, Ford Fiesta и Honda Civic.

AUTOBEST 2018

-Задоволство ми е да ѝ честитам на Линда Џексон и нејзиниот менаџерски тим за освојувањето на титулата AUTOBEST 2018. Во навистина силна конкуренција C3 Aircross се покажа како шампион, убедувајќи ги членовите на жирито дека е вистинскиот избор за ова издание.

Ова исто така е и нова победа за SUV моделите, која уште еднаш ја докажа способноста на жирито, не само да ги следи случувањата на пазарот, туку и да ги открие трендовите, давајќи им на европските потрошувачи вистински водич за купување автомобили што се погодни за утрешнината! Истакна Илиа Селиктар, претседателот на жирито.

MANBEST 2017 наградата се доделува на Ли Шуфу, основач и претседател на групацијата Geely Holding. Ли изгради импресивна автомобилска група, интегрирајќи брендови како Volvo Cars, Proton, Lotus, London Taxi и сосема новиот Lynk & Co. Неодамна тој го комплетираше преземањето на перспективната компанија за летачки автомобили Terrafugia. Тој е одличен пример на визионер во автомобилската индустрија. COMPANYBEST 2017 наградата отиде кај Jaguar Land Rover. Taa претставува признание за неверојатниот пат на британската компанија под водство на д-р Ралф Шпет и неговиот менаџерски тим.

Фриц Енцингер, потпретседател на Porsche LMP1, е освојувач на SPORTBEST 2017 наградата. Австриецот е доста почитуван менаџер во мотоспортот. Неговата кариера вклучува титули во Формула 1 со Williams-BMW и Sauber- BMW, пред да биде повикан од Porsche да ја постави Le Mans Prototype програмата во 2011 година. Под негово водство е развиен хибридниот Porsche 919 кој од своето дрби во 2014 во светскиот шампионат за издржливост, досега освои 20 пол-позиции, 17 победи (од кои 7 двојни) и 6 светски титули.

SMARTBEST, SAFETYBEST, DESIGNBEST и ECOBEST наградите веќе беа објавени после одржувањето на IAA салонот на автомобилите во Франкфурт. Свеченоста на која ќе бидат доделени AUTOBEST Awards ќе се одржи на 7 февруари 2018 во Салцбург, во Австрија.

Поврзани вести

Back to top button