Кинески гигант BAIC се откажува од моторите со внатрешно согорување
Еден од најголемите кинески производители на автомобили, BAIC, планира да престане со производство на мотори со внатрешно согорување
Еден од најголемите кинески производители на автомобили, BAIC, планира да престане со производство на мотори со внатрешно согорување во 2025 година, објави весникот China Daily.
BAIC планира да направи транзиција кон електромобилите во две фази. Прво, до 2020 година, компанијата планира да престане со продажба на бензински и дизел модели во Пекинг, а до 2025 година и низ цела Кина. Претходно оваа година, сличен план, со ист временски рок, најави уште една кинеска компанија, Chongqing Changan Automobile.
Компанијата, исто така, најави планирана инвестиција од 15,1 милијарда долари за лансирање автомобили со електричен погон. Третата кинеска компанија, која планира да се откаже од бензински и дизел мотори, е Geely, која ги поседува Volvo, Lotus и Proton. Тука роковите се уште пократки до 2019 година, Geely планира да го запре производството на мотори со внатрешно согорување.