fbpx

Тест Jaguar F-Pace: Благороднички статус

Возилата кои доаѓаат од островот секогаш во себе носат нешто посебно и различно, таков е и примерот со Jaguar F-Pace. Него го одбираат луѓе кои не им робуваат на стеротипите и својата индивидуалност ја преставуваат на поразличен начин кој се одлсикува преку традиционална нота и луксузен стил

Марката Jaguar на своите креации секогаш им подарува силно нагласен каратер полн со традиција и благородничка нишка. Истото важи и за најголемиот SUV во гамата кој од своето преставување во 2016 го разбранува сегментот во кој доминантната улога ја играа германските модели. Пред крајот на 2020 година Jaguar F-Pace доби низа подобрувања во поглед на стајлингот, нови технолошки решенија во кабината и благо освежување на моторната гама, сите изведени со една цел, да остане релевантна опција во беспоштедната борба која се води во премиум SUV класата.

Магнетна привлечност

По речиси четири години на пазарот компанијата од Ковентри кон крајот на 2020 година одлучи да го дотера својот најголем SUV во понудата, моделот F-Pace. Ќе забележиме дека малите ревизии на веќе згодната надворешност и додаваат доза на луксуз и престиж проткаени со своевидна спортска нота. За да остане релевантен во сè поконкурентниот сегмент, F-Pace добива рестајлинг во вид на низа освежување.

На предниот дел забележлив е новиот облик на поклопецот од моторот и решетката на ладилникот, секако на предниот дел се ревидирани и поставени нови далеку потенки предни светлосни склопови со веќе стандардата LED технологија и светлосен потпис на дневните светла во „Ј“ форма. Профилот останува ист како и предходно, но задниот дел добива преобликувана задна врата, нов светлосен кластер со потенка структура и ревидиран заден одбојник. Моделот F-Pace е доста ретка глетка, затоа неговата појава привлекува големо внимание, за време на нашиот тест, луѓето љубопитно гледаа, фотографираа и поставуваа многу прашања секаде каде што се појави.

Врвен спој на традиционалното и модерното

Внатрешноста е местото каде што обновениот Jaguar F-Pace навистина ја подига играта на повисоко ниво. Кабината се трансформира во навистина импресивен простор изведен со висококвалитетни материјали, оддавајќи силен впечаток што изобилува со луксуз, пред сè благодарение на употребата на мека кожа и вештиот занаетчиски пристап преставен преку убаво вкомпонираните детали. Возачката позиција е максимално прилагодлива и во секој момент овозможува одлична прегледност. Одстапувања нема и кога говориме за останатиот простор во внатрешноста.

За патниците на задните седишта резервиран е врвен комодитет кој е најзабележлив при долги патувања. бенефитот од надворешните димензии оди во насока на багажниот простор кој во основа има капацитет од 601 литар. Целосно дигиталниот дисплеј пред возачот изгледа многу уредно и прецизно стилизиран, тој освен вообичаените податоци поврзани за возење, може да се прилагоди на повеќе начини, а еден од нив е прикажувањето на навигација.

Највпечатлива промена е воведувањето на супер тенкиот заоблен инфо-забавен екран кој одговара на контурите на контролната табла, неговата ултратенка рамка го вдомува дисплејот од 11,4 инчи. Системот наречен Pivi Pro е наменет за возилата од најновата генерација на Jaguar Land Rover, овозможува ажурирање „over air“ што значи дека со тек на време ќе станува се подобар, а дебитираше на новиот Land Rover Defender. Тука е и преобликуваната рачка на автоматскиот менувач кој е дизајниран да „ви одговара совршено во рака“. Веднаш над неа се контролите за климатизација кои освен за подесување на температурата и брзината на дување нудат можноста за прилагодување на греењето или ладењето на предните седишта преку истите ротирачки прекинувачи.

Беспрекорно рафиниран

Тестираниот примерок на F-Pace поседуваше 2.0 турбодизел агрегат и тоа во помоќната изведба. Веднаш по стартувањето на агрегатот се забележува неговата рафинираност, работењето во место е изненадувачки тивко иако агрегатот е сеуште ладен. Неговите 204 КС се расположени за галоп во секој момент, а 430 Nm се тука инстант да ја повлечат масата од 1,8 тони кога возачот ќе посака. Урбаната средина е неговиот дом каде што F-Pace без проблем се снаоѓа како риба во вода.

Нему ниту симнувањето од асфалтната подлога не го плаши, бидејќи покрај погонот на сите тркaла во себе пакува технологија  која овозможува да се избере една од предходно сетирани опции за пренос на силата во зависност од подлога по која се движи. Во исто време крстарењето по брзите автопатишта се одвива на несекојдневно лесен и комотен начин, а ако има потреба, со секое притискање на акцелераторот го нагласува динамичниот дух кој го носи во себе.

Луксуз и удобност

За одличните возни својства голема заслуга имаат беспрекорниот автоматски менувач со 8 брзини и потпирањето кое може да ги задоволи потребите на лицата кои претпочитаат да патувааат комфорно, но и на возачите со врела крв. Моделот F-Pace постигнува максимални 210 км/ч, а за спринт до 100 км/ч потребни му се само 8 секунди, воедно поседува мек хибриден 48V систем што е поврзан со литиум – јонска батерија чиј капацитет изнесува 200 W и генерира сила од 140 Nm вртежен момент со кој помага при забрзување и се грижи потрошувачката да ја држи под 10 литри на 100 километри.

Моделот F-Pace е луксузен и удобен толку колку што треба да биде еден Jaguar, не поминувајќи ја замислената линија која се граничи со ароганција. Целосно преставувајќи ја својата индивидуалност и долгогодишна традиција во свет полн со модели кои грчевито се обидуваат инстант да го изградат она за што се потребни децении… истенчен вкус.

 

Технички податоци за Jaguar F-Pace Prestige D200 AWD  

Цена на тестираниот модел: 88.098 евра 

мотор Euro VId TEMP, дизел, четиритактен,четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
работна зафатнина 1.997 см3
пречник и од 83,0 x 92,3 мм
степен на компресија 16,5:1
напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
максимална моќ 204 KС (149 kW) при 4.250 min/-1
макс. вртежен момент 430 Nm при 1.750-2.500 min-1
трансмисија на сите тркала преку 8-степен автоматски менувач
потпирање напред мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад мултилинк, спирални пружини, телескопски амортизери
сопирачки напред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
пневматици 255/50 R20
каросерија SUV со пет врати, пет седишта
должина х ширина х висина 4.747 x 1.655 x 1.664 мм
меѓуоскино растојание 2.874 мм
траги (напред/назад) 1.641/1.654 мм
тежина 1.876 кг
максимална тежина 2.540 кг
багажен капацитет 601 литри
резервоар 60 литри
максимална брзина 210 км/ч
забрзување 0-100 km/h 8,0 секунди
потрошувачка (просек) 6,2-6,7 л/100 км
емисија на CO2 163 г/км

Повеќе информации во Аутомобили Груп или на тел. (02) 3093 024

Конкуренти
Audi Q5 од 51.662 до 67.797 евра
Alfa Romeo Stelvio од 47.000 до 110.000 евра
BMW X3 од 52.860 до 67.750 евра
Mercedes Benz GLC од 57.000 до 119.990 евра

Поврзани вести

Back to top button