fbpx

Новите Jaguar F-Pace и E-Pace сега и во Македонија

Jaguar неодамна ги освежи своите SUV модели F-Pace и E-Pace, а луксузните автомобили на британската компанија сега се достапни и на македонскиот пазар

Во продажниот салон на Jaguar во Скопје пристигнаа освежените F-Pace и E-Pace кои редакцијата на Авто Плус доби можност да ги погледне одблиску и подобро да се запознае со истите. Она што успеавме да го забележиме е дека стилските промени навистина одлично прилегаат на SUV „знаменосците“ на британскиот бренд.

Jaguar F-Pace

Кога станува збор за освежениот Jaguar F-Pace, визуелните промени започнуваат на предниот дел и вклучуваат нов сет на Full LED предни светла заедно со корпоративните Double J Blade дневни светла, како што ги нарекуваат во Jaguar. Овие нови светла се наоѓаат крај зголемената решетка и вклучуваат Standard High Beam Assist кој ја користи предната камера.

E-Pace F-Pace

Освежениот F-Pace исто така добива и мускулеста хауба и ревидирани странични отвори за вентилација. Промени има и на задниот дел каде се истакнуваат новите светла со препознатливата форма на компанијата. Низ фазата на рестилизација поминаа и браникот и задната врата.

Ентериерот е целосно унапреден и сега во истиот се наоѓа новиот 11,4-инчен заоблен екран на допир. Истиот се одликува со висока резолуција и магнезиумско куќиште и го користи најновиот Pivi Pro инфозабавен систем. Пред возачот се наоѓа и 12,3-инчниот дигитален инструмент кластер со засилена графика и подесувачки изглед кој вклучува и 3D мапирање. Рестилизацијата ги опфати и новите алуминиумски акценти, новиот селектор на режими за возење, како и меките и висококвалитетни материјали. Промени претрпе и централната конзола, а тука се и новите седишта со функции за ладење и греење во комбинација со новото амбиентално осветлување.

E-Pace F-Pace

Jaguar F-Pace ќе се нуди со широк опсег на моторни единици. На врвот се наоѓа P400e plug-in хибридната варијанта која испорачува вкупно 404 КС од 2,0-литарскиот турбо бензински мотор и електромоторот со моќност од 105 kW. Во оваа поставка F-Pace до „стотка“ стигнува за околу пет секунди. Во понудата е и 3,0-литарскиот шестцилиндерски бензинец со 400 КС. Основниот модел е со 2,0-литарски турбо бензински мотор кој испорачува 250 КС. Кај дизелите во понудата е шестцилиндерскиот турбо дизел со 300 КС, а послабата верзија е 2,0-литарскиот агрегат со две варијанти од 163 и 205 КС. Сите мотори доаѓаат во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Jaguar E-Pace

Покрај освежениот F-Pace, како што веќе напоменавме, во продажниот салон на Jaguar во Скопје се најде и освежениот E-Pace. И овој модел исто така мина низ фаза на рестилизација и редизајн, почнувајќи од предниот дел каде се истакнува новиот браник и новата решетка со дијамантски детали. Освежениот E-Pace исто така пристигнува со целосно новите LED фарови со Double J Blade дневни светла, а како опција купувачите можат да ја изберат и Pixel LED технологијата. На задниот дел се наоѓаат новите LED задни светла инспирирани од целосно електричниот I-Pace.

Ентериерот исто така доби неколку клучни промени, благодарение на што се добива поголемо премиум чувство. Исто како и кај F-Pace, така и E-Pace го добива новиот 11,4-инчен HD екран со заоблено стакло и најновиот Pivi Pro инфозабавен систем, а Jaguar постави и нов управувач во E-Pace.

Она што е најинтересно кај E-Pace е тоа што со оваа рестилизација доби и целосно нова платформа. Ова не е пракса кога станува збор за редизајн и освежување. Така, SUV моделот на Jaguar ја отфрли старата архитектура на Ford и ја доби новата PTA платформа на JLR групацијата. Со ова, возилото добива унапредена предна суспензија која нуди поудобно возење и ги намалува вибрациите.

Во понудата се наоѓаат седум погонски единици, од кои шест се електрифицирани. Базичниот агрегат кај дизелските опции е 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски мотор кој располага со 163 КС и мануелен шестстепен менувач кој ја испраќа моќноста на предните тркала. Истиот агрегат може да се добие и со деветстепен автоматски менувач, погон на сите четири тркала и блага хибридна технологија. На врвот се наоѓа 2,0-литарскиот дизел со 204 КС и деветстепен автоматик со погон на сите четири тркала, исто така со блага хибридна технологија.

E-Pace F-Pace

Од друга страна, сите бензинци добиваат благ хибриден систем, а понудата почнува со 1,5-литарскиот мотор со турбо полнач. Овој агрегат испорачува 160 КС и е во комбинација со осумстепен автоматск именувач и погон на предните тркала. Истиот мотор се користи кај plug-in хибридната варијанта каде поставката е засилена со електромотор. Оваа верзија е најмоќна со оглед на тоа дека на располагање се 309 КС и погон на сите четири тркала.

За повеќе информации посетете го продажниот салон во Скопје или официјалниот сајт на Jaguar во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button