fbpx

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Jaguar го претстави освежениот F-Pace за 2021 година кој пристигнува со неколку унапредувања, промени и проширен опсег со нови мотори

Визуелните промени на освежениот Jaguar F-Pace започнуваат на предниот дел и вклучуваат нов сет на Full LED предни светла заедно со Double J Blade дневни светла, како што ги нарекуваат во Jaguar. Овие нови светла ја обиколуваат зголемената решетка и вклучуваат Standard High Beam Assist кој ја користи предната камера.

Британскиот SUV се карактеризира и со мускулеста хауба и ревидирани странични отвори за вентилација. Промените се забележливи и на задниот дел, каде што се истакнуваат новите светла со препознатлива графика. Низ редизајн поминаа и браникот и задната врата.

Jaguar F-Pace

Ентериерот на F-Pace е темелно унапреден. Истиот сега се карактеризира со новиот 11,4-инчен заоблен стаклен HD екран на допир со магнезиумско куќиште и го користи најновиот Pivi Pro инфозабавен систем на комапнијата. Овој систем поддржува Apple CarPlay и Android Auto, како и можност за конектирање на два телефони истовремено преку Bluetooth.

Како соодветен додаток на новиот инфозабавен екран, сега се нуди и 12,3-инчниот HD Interactive Driver Display дигиталната инструмент табла. Таа се одликува со засилена графика и подесувачки изглед кој вклучува и 3D мапирање. Во внатрешноста се најдоа и други промени. Меѓу другото, тука се и новите алуминиумски акценти, новиот Drive Selector, меки и квалитетни материјали. Променета е и централната конзола, а и новите седишта со функции за греење и ладење и ново амбиентално осветлување. Освежениот F-Pace исто така вклучува и Active Road Noise Calcellation и Engine Noise Cancellation кои ги придушуваат звуците од патот и моторот. Новина е и Electronic Vehicle Architecture на Jaguar кој овозможува и бежични софтверски унапредувања.

Jaguar F-Pace

На европскиот пазар, Jaguar F-Pace ќе понуди поголем опсег на моторни единици. Тука е и P400e plug-in хибридната варијанта која произведува вкупно 404 КС од 2,0-литарскиот турбо бензински мотор и електромоторот од 105 kW. Со оваа поставка, F-Pace од нула до „стотка“ стигнува за околу пет секунди. Во понудата ќе се најде и 3,0-литарскиот редно поставен шестцилиндричен бензински мотор со 400 КС. Основниот модел се одликува со 2,0-литарски турбо бензинец со 250 КС. Тука е и потентниот шестцилиндричен турбо дизел мотор со 300 КС. Послабата дизелска верзија е 2,0-литарски агрегат во две варијанти со 163 и 205 КС.

Jaguar F-Pace

Сите мотори кои ќе бидат во понудата доаѓаат во комбинација со осумстепен автоматски менувач кој моќноста ја испраќа на сите четири тркала.

Поврзани вести

Back to top button