fbpx

Aston Martin со специјален Vantage во чест на својот најстар модел

Британската марка претстави специјална варијанта на својот модел Vantage Roadster во чест на најстариот преживеан автомобил на производителот

Q дивизијата на Aston Martin креира специјална верзија на Vantage Roadster која му оддава почит на моделот A3, најстариот модел на производителот кој се уште постои. Aston Martin ја произведувал шасијата No.3 пред 100 години во својот погон во Кенгсингтон, Лондон, како еден од петте прототип автомобили кои биле направени пред почетокот на производството. А3 се напојува со 1,5-литарски четирицилиндричен мотор со 11 КС и во 1922 година поставил рекорд на Essex Motor Club Kop Hill Climb и достигнал максимална брзина од 136 километри на час на Бруклендс патеката следната година. Овој класичен А3 модел е во сопственост на Aston Martin Heritage’s Trust и е реставриран во својата оригинална состојба.

Во чест на овој модел, Aston Martin подготви специјална верзија на Vantage Roadster и истата ќе биде ограничена на само три единици. Моделот се одликува со уникатна темна решетка со сјајна алуминиумска рамка и црни елементи слично како кај А3, а овој модел го добива и ретро беџот на компанијата. На алуминиумската хауба се наоѓаат и кожени ленти како што има и автомобилот од 1921 година. Специјалниот модел е постсавен на 20-инчни тркала со сјајно црн финиш и шапи од сопирачките во бронзена боја.

Неколку промени се направени и во кабината, како на пример Obsidian Black кожните микроперфорирани седишта со Chestnut Tan кафени елементи. Тука е и амблемот на Aston Martin од 1921 година на отворот од задната фиока за складирање. Chestnut Tan кожените акценти се наоѓаат на централната конзола, а командите се направени од бакар.

Како што открива и самото име, A3 е третиот Aston Martin прототип направен пред брендот да започне со производство на автомобили за клиенти. Овој А3 модел е откупен од страна на Aston Martin Heritage Trust во 2002 година.

Поврзани вести

Back to top button