fbpx

Премиера за електричниот Mercedes-Benz eActros

Првиот камион на електричен погон на Mercedes, eActros, ќе започне со производство оваа есен, а пристигнува со автономија од 400 километри

Mercedes eActros е првиот продукциски обид за електрификација на европската логистичка индустрија на германсккиот бренд. Од Mercedes најавуваат дека автономијата на движење на нивниот електричен камион ќе изнесува 400 километри, а тоа ќе биде овозможено благодарение на 420 kWh батериското пакување и двата електромотори.

„Мораме да признаеме дека транспортот е дел од проблемот кога станува збор за климатските промени. Истовремено, можеме и ќе бидеме дел од решението. Почнуваме со eActros“, изјави Карин Радстром, член на бордот на директори во Daimler Truck AG и одговорна за Mercedes-Benz Trucks.

Како што веќе напоменавме, два електромотори се задолжени за напојувањето на eActros. Станува збор за два водено-ладени мотори кои се прикажени на задната осовина и заедно испорачуваат 448 КС континуирана моќност, а можат да произведат и до 543 КС. Моторите се поставени на задната оска наместо на средина од возилото со цел да се овозможи поголем простор под камионот за батериите, велат од Mercedes. Електромоторите се поврзани со двостепен автоматски менувач за подобро забрзување.

Напојувањето за моторите пристигнува од три или четири 105 kWh батерии, што значи дека eActros може да има до 420 kWh батериски капацитет. Сепак, и покрај големата батерија, треба да се земе предвид дека eActros е далеку поголем од конвенционално возило, па автономијата изнесува 400 километри, а благодарение на големата батерија, времето на полнење е нешто пократко. Од Mercedes истакнуваат дека eActros може да се полни при 160 kW и кога е приклучен на 400А DC полнач, батериите можат да се наполнат од 20 до 80 проценти за нешто повеќе од еден час. Како и кај електричнтие автомобили, eActros исто така добива регенеративно сопирање кое помага да се извлечат што е можно повеќе километри опсег.

eActros

Посебни услуги за клиентите

Иако електричните камиони бараат од компаниите да имаат план за полнење, ваквото возило има и свои предности исто така. Без голем мотор, кабината е двојно помалку бучна во однос на обичните камиони, пренесува производителот.

Со цел да ги убеди компаниите за логистика да се пренасочат кон електричните камиони, Mercedes нуди интеграциски услуги. Со ова Mercedes им помага на компаниите да постават реален профил за употреба на камионите што ги користат постојните планови за маршути. Исто така, ќе им помогне да ја испланираат инфраструктурата за полнење и да аплицираат за грантови за да се префрлат на електрични возила што е можно поефикасно.

Благодарение на напредниот инфозабавен систем, возачите имаат реални податоци за преостанатата моќ и користењето на енергијата, а флотните оператори ќе можат да развијат индивидуализирани полначки профили за камионите на одредени рути и да развијат план за паузи за одмор и полнење.

eActros

Mercedes исто така нуди и пакети за одржување и поправка за да им го олесни изборот на компаниите. За унапредена безбедност, батериите се изолирани во алуминиумска структура за да ги заштити во случај на несреќа и високоволтаичните жици се заштитени исто така. Достапна е и уште постандардна безбедносна технологија, како што е запирањето во итни случаи со цел да се избегнат судири, а тука се и инфозабавните системи на Mercedes кои се исто така стандардни.

Новиот eActros е првиот чекор во планот на Mercedes за пренасочување на целата европска флота на камиони на електрична енергија до 2039 година. Електричниот камион ќе започне да се произведува оваа есен, а цените се уште не се објавени.

Поврзани вести

Back to top button