fbpx

AirCar на Klein Vision е вистински автомобил кој може да лета

Летечките автомобили стануваат фокус за голем број производители, но вообичаено станува збор за вид на хеликоптери, додека Klein Vision има вистински летечки автомобил во AirCar

Klein Vision го покажа својот AirCar, кој навистина изгледа како автомобил, за разлика од останатите возила кои ги развиваат другите автомобилски производители. Овој егзотичен спортски автомобил се трансформира во летечка кола со притискање на едно копче. Она што е најважно, AirCar на Klein Vision успешно го изврши првиот меѓуградски лет, а со тоа ова возило сега е се поблиску до својата продукциска форма.

Станува збор за 35-минутно летање од Нитра до Братислава, а истиот го извршија професорот Стефан Клајн и коосновачот на компанијата Антон Зајац, одбележувајќи го 142-рото успешно слетување на овој летечки автомобил.

Како што веќе споменавме, за разлика од другите летечки автомобили, AirCar е превозно средство кое има две функции, а може да се трансформира од автомобил во летало и обратно за помалку од три минути. Крилата можат да се извлечат и соберат, претворајќи се од спортски автомобил во вистински авион.

Иако се уште прототип, AirCar се напојува со мотор на BMW кој испорачува 160 КС и работи на конвенционален бензин. Летечкиот автомобил веќе комплетираше над 40 часа тест летања и достигна висина од 2.499 метри. Освен тоа, прототипот достигна максимална брзина од 190 километри на час при тестирањето.

Klein Vision веќе има планови за понапреден прототип кој го нарекува предпродукциски модел. Според најавите, ќе поседува мотор со 300 КС, варијабилен пропелер, брзина од 300 километри и опсег на движење од 1.000 километри.

Поврзани вести

Back to top button