Викенд тарифа: BMW M4 Competition против Corvette C8
Нова интересна драг трка ни пристигнува, а овојпат во оваа германско-американска битка на мегдан се BMW M4 Competition и Chevrolet Corvette C8
C8 Corvette импресионираше со тоа колку овој спортски автомобил е блиску до еден суперавтомобил, додека BMW M4 Competition воодушеви со својата големина и моќност, но како двата автомобили ќе се снајдат еден крај друг во драг трка?
Corvette се напојува од својот 6,2-литарски V8 мотор кој испорачува 501 КС и 637 Nm максимален вртежен моемнт, додека од друга страна BMW M4 Competition благодарение на неговиот 3,0-литарски шестцилиндричен битурбо мотор развива 509 КС и 649 Nm.