Конечно стартуваше производството на Alpine A110
Renault, односно неговиот подбренд Alpine, конечно започна со производство на новиот спортски автомобил A110
Машината година беше претставена за прв пат во Женева, во март, а сега веќе е во фаза на сериска изведба во истата фабрика, во кој се монтирал и оригиналниот Alpine.
За да се подготви фабриката за изведба на спортскиот автомобил, францускиот производител инвестираше над 35 милиони евра, а освен тоа зголемена е екипата од вработени за околу 60 проценти. Alpine A110 има 250 КС од 1.8- литарски турбо мотор што го прави едно од прилично брзите предлози на пазарот, особено имајќи ја предвид малата маса. Сепак, Французите планираат да додадат поголема моќ на нивниот спортски модел.
Според британското издание AutoExpress, инженерите на Renault ќе го подобрат 1.8- литарски турбо мотор на машината со цел постигнување на моќ од 300 КС. Во целина не е предвидено да се менува агрегатот, туку да се засили. Покрај тоа, сегашната тежина од 1.080 килограми ќе биде намалена дополнително до малку над еден тон, а тоа ќе стане факт по познатите промени во ентериерот. Се предвидуваат и промени во суспензијата, а новата верзија, која засега носи фабричко име Sport Chassis, ќе добие 15-20% поцврсто подвозје.