fbpx

Франција и Германија против ЕУ околу конвенционалните возила

Европската унија размислува за целосоно укинување на автомобилите со мотор на внатрешно согорување, но дел од земјите не се согласуваат со ова

Според неодамнешните информации, Европската унија, односно Европската комисија, се очекува да ги најави новите регулативи за емисија на штетни гасови кои ќе придонесат за крај на продажбата на возила со мотор на внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, француската и германската влада ќе се обидат да ги одложат овие мерки и да понудат долготраен период на транзиција.

Неименуван функционер од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека француската влада ги поддржува новите цели на ЕУ, според кои производителите ќе ги намалат емисиите за 55 проценти од нивото од 2021 во 2030 година и има за цел plug-in хибридите подолго време да се задржат на пазарот, пренесува Automotive News.

Ова е многу полесен пристап од оној кој го прифати Европската унија, чии извештаи навестуваат дека целта е да се намалат емисиите за 65 проценти до 2030 и да ги симне на нула до 2035.

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер, исто така се осврна на оваа проблематика.

„Верувам дека сите автомобилски и камионски производители се свесни дека построгите спецификации пристигнуваат. Но, мораат да бидат технолошки подготвени“, изјави тој, додавајќи дека е потребно да се има поголема толерантност за plug-in хибридите и да се стави поголем фокус на водородните горивни ќелии за тешките товарни возила.

возила

Мерките се неизбежни, но…

Оваа позиција на Макрон доаѓа по состаноците со директорите на компаниите како Stellantis и Renault, но и снабдувачите како Valeo, Faurecia и Plastic Omnium. Голем број производители беа затекнати од плановите на ЕУ според кои plug-in хибридите ќе станат бескорисни по 2035 година. И додека голем број производители планираа да ја електрифицираат својата комплетна постава во блиска иднна, за некои производители електрификацијата значи и 48-волтен благ хибриден систем.

Неколку автомобилски производители јавно искажаа загриженост дека голем број работни места би можеле да бидат загубени со транзицијата кон целосно електрични возила. Со помалку делови и компоненти, овие возила нема да имаат потреба од голем број работници, а Plateforme Automobile, главната лоби група за автомобилската индустрија во Франција, проценува дека нацијата би можела да ги загуби половина од работните позиции.

Агресивните мерки за околината се неизбежен дел од напорите за борба против климатските промени, бидејќи ситуацијата станува алармантна според Светската метеоролошка организација. Сепак, со оглед на тоа дека Германија и Франција, кои се најголемите земји производители во Европа, ќе се обидат да ги забават новите мерки, би можело да дојде до вистинска битка во ЕУ.

Поврзани вести

Back to top button