fbpx

Mercedes го откри ентериерот на AMG SL

Германскиот производител Mercedes го претстави ентериерот на новата генерација на својот AMG SL кој наскоро ќе ја доживее својата премиера

Новиот Mercedes-AMG се подготвува за премиерата на новиот SL модел, а во меѓувреме ги објави првите фотографии од ентериерот. Иако пространоста претставува вистински луксуз кај роудстер моделите, сепак новиот AMG SL63 го користи достапниот простор исклучително добро, а она што е прикажано на фотографиите би требало да ги задоволи потенцијалните купувачи.

Она што е најважно и најзабележително е што новиот SL се враќа на 2+2 распоредот на седиштата, за првпат по 1989 година и R129 моделот. Двете задни седишта ја зголемуваат корисноста, а тука е и дефлекторот за ветер кој ги заштитува возачот и совозачот од ветерот кога никој не седи на задните седишта.

Исто така, асиметричниот дизајн со кој се одликуваше претходната генерација е минато, а Mercedes воведува нова контролна табла која е во форма на крило. Во центарот на кабината се наоѓа големиот 11,9-инчен екран наменет за инфозабавниот систем, кој делува речиси идентично како кај новата S Класа. Екранот може да се поместува нанапред во повертикална позиција со цел да се намали отсјајот од сонцето кога покривот е спуштен. Она што е важно да се напомене е дека новиот Mercedes-AMG SL ќе пристигне со најновата генерација на MBUX софтверот.

Повеќе опции за купувачите

Зад управувачот се наоѓа 12,3-инчниот LCD екран кој служи како инструмент кластер, а истиот е обложен во униактен визир кој го обиколува целиот екран, додека како опција се нуди и 3D head-up екран. Меѓу возачот и совозачот се наоѓа метален панел кој е дизајниран да имитира отвор за воздух, кој е поставен меѓу потпирачот за рака и инфозабавниот екран и се чини дека ја обложува централната конзола. Кога станува збор за остатокот од ентериерот, купувачите ќе можат да изберат различен тапацир за AMG Performance Seat како што се Nappa кожа, Nappa Style кожа со дијамантска шема на везот или комбинација на Nappa кожа со Dinamica Race микрофибер.

Mercedes-AMG SL

Mercedes засега го прикажува единствено новиот ентериер на AMG SL, а дизајнот на екстериерот и механичките детали се оставени за подоцна. Сепак, од претходните фотографии кои беа објавени, јасно е дека моделот добива еден посмирен дизајн и добива мек покрив. Премиерата на новиот SL се очекува до крајот на годинава.

Поврзани вести

Back to top button