fbpx

Пристигна новиот Audi Q5 Sportback

Новиот SUV на германскиот производител Audi, моделот Q5 Sportback отсега е достапен и на македонскиот пазар откако пристигна во продажниот салон во Скопје

Новиот Audi Q5 Sportback пристигна во продажниот салон на Audi во Скопје. SUV моделот на германскиот производител се одликува со динамични линии, а покрај својот експресивен дизајн и технолошките иновации, моделот се одликува и со својот спортски карактер, но и високото ниво на секојдневна употребливост.

Предниот дел се одликува со октагоналната единечна рамка каде се наоѓаат големите отвори за воздух. Редизајнираните предни светла пристигнуваат со LED или опционална Matrix LED технологија. Благодарение на опаѓачката покривна линија, закосеното задно стакло и високо поставениот заден браник му даваат динамичен изглед на новиот Audi Q5 Sportback. Сепак, најголемата новина на задниот дел се задните светла со иновативна OLED технологија, а купувачите ќе можат да бираат меѓу три светлосни потписи, а дополнителната спортска графика се прикажува кога е избран режимот Dynamic. Во случај друго возило да се доближи на помалку од два метри, тогаш сите OLED елементи на Q5 Sportback го зголемуваат осветлувањето за поголема забележливост во случај да има еден од пакетите со активен темпомат или активна асистенција во коловозната лента.

Инаку, Audi ќе го нуди новиот Q5 Sportback во Advanced и S-Line ниво на опременост, а во однос на „обичниот“ Q5, Sportback варијантата е седум милиметри подолга, додека висината и ширината е иста, но коефициентот на воздушен отпор е 0,30, кој е помал во однос на Q5. Капацитетот на багажникот изнесува 510 литри, а со поклопени седишта истиот се зголемува на 1.480 литри.

Богато опремен ентериер

Во внатрешноста, контролната табла е идентична со регуларниот Q5 и се карактеризира со 10,1-инчен MMI екран „напојуван“ од трета генерација на модуларниот инфозабавен систем (MIB 3), 12,3-инчниот Audi Virtual Cockpit Plus , како и MMI Navigation Plus и Audi Connect интернет конективност.

Кога станува збор за моторите, понудата за Audi Q5 Sportback стартува со 40 TDI верзијата и е опремен со 2,0-литарски турбодизел единица која испорачува 204 КС со 400 Nm максимален вртежен момент. Сите мотори пристигнуваат исклучиво со автоматски менувач. Стандардниот спортски систем на потпирање нуди директен контакт со патот, додека како опција се нуди алтернативната верзија со контрола на амортизерите која се добива со адаптивната воздушна суспензија.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Audi во Скопје, или официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button