Распродажба на Tesla Model S во Холандија?
Од 2014 година, па наваму, дел од жителите и гостите на Амстердам се возат во луксузни електрични Tesla Model S, кога одлучуваат да повикаат такси
Станува збор за околу 167 автомобили кои се сообраќаат скоро 3 години и сега се на пазарот понудени како користени возила. Досега во историјата на трговијата со електрични во Европа немало толку голема единечна понуда на овој тип возила меѓу автомобилите од втора рака. Автомобилите се поделени во седум категории во зависност од нивната километража- најскапите се 45.000 евра и поминале помеѓу 220.000 и 230.000 километри, а најевтините се со цена од 39.000 евра, со над 280.000 километри. Сериозни километражи, но станува збор за електромобили со јасна историја, високо ниво на услуга и управувани на врвни патишта.
Tesla Model S
Најевтината нова Tesla Model S во Холандија во моментов е модификација 75D со цена од 86.100 евра, а електромобилот е со погон 4х4. Такси Model S се само со еден електромотор на задната оска, секој од нив е со батерија со капацитет 85 kWh и богато опремен: кожен салон, задна камера, електрична петта врата, навигација, медиумски систем со гласовни команди и т.н.
И последно, но не и најмалку важно, Tesla дава 8- годишна гаранција за секој нов модел, а овие автомобили се стари 3 години.