fbpx

Porsche го освежи Macan, пристигнува со поголема моќност

Германскиот производител го освежи својот исклучително успешен SUV модел Macan кој сега добива поголема моќност во сите нивоа на опременост

Освежениот Macan дебитира, а Porsche ги објави сите детали околу тоа што е ново кај нивниот SUV модел. Најголемата новост е отстранувањето на Turbo моделот, а на врвот од понудата сега се наоѓа GTS верзијата која пристигнува со 2,9-литарскиот V6 мотор кој се користи кај Turbo со импресивни 440 КС, односно 60 КС повеќе од претходно.

Благодарение на ова, спринтот до „стотка“ за 4,3 секунди, ако е опремен со опционалниот Sport Chrono пакет, додека максималната брзина е 272 километри на час. Macan S сега исто така е опремен со 2,9-литарскиот V6 битурбо мотор кој испорачува 26 КС повеќе од претходно (380 КС). Оваа спецификација овозможува спринт до 100 км/ч за 4,6 секунди, додека максималната брзина е 259 километри на час.

Всушност, подобрени перформанси добиваат сите верзии на Macan, па така и базичниот турбо 2,0-литарски четирицилиндричен мотор добива 265 КС со кои забрзувањето до „стотка“ се стигнува за 6,2 секунди, а максималната брзина е 232 километри на час. Сите мотори доааат во комбинација со седумстепен PDK автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Меѓу останатите стандардни додатоци кај GTS се Porsche Surface Coated Brakse, адаптивниот воздушен систем на потпирање со нешто пониска поставеност на возилото и суспензијата која е до 15 проценти покрута во однос на претходниот GTS.

Porsche Macan

Минимални промени на екстериерот и ентериерот

За оние кои сакаат повеќе, освежениот Porsche Macan GTS со опционалните Sport Chrono пакет и Porsche Torque Vectoring Plus, пристигнува со Sport Design ретровизори финиширани во сјајно црна боја, 21-инчни GT Design тркала со високо-перформансни пневматици и 18-насочни спортски седишта во внатрешноста.

Кога станува збор за предницата, тука промените се минимални. Предниот дел добива интегрирани воздушни отвори и преден трим финиширан во боја на каросеријата. На задниот дел се наоѓа црниот дифузер кој е издолжен нагоре. LED фаровите се стандардни, а Porsche вели дека има седум нови дизајни за тркалата, почнувајќи од 19, па се до 21 инчи во големина, зависно од нивото на опременост.

Porsche Macan

Промените во внатрешноста исто така се суптилни. Најголемата промена е редизајнираната централна конзола, која нуди елементи на допир за почист изглед, а пред возачот се наоѓа нов управувач присвоен од 911. На средината се наоѓа 10,9-инчен екран на допир и стандардниот аналоген часовник. Тука се и големиот број на системи за асистенција и безбедност на возачите кои доаѓаат како стандарден дел од опремата, а достапни се и голем број на опционални додатоци.

Испораките во Европа ќе започнат на почетокот од октомври.

Поврзани вести

Back to top button