fbpx

Legende го оживува легендарниот Renault 5 Turbo

Компанијата Legende Automobiles сака да го оживее култниот хот хеч Renault 5 Turbo

Renault 5 е еден од најуспешните автомобили кои ги има произведено француската компанија. Но, иако можеби не беше доволно возбудлив, со Turbo 1 хомологацијата се достигна едно сосема ново ниво. При лансирањето Renault 5 Turbo 1 беше најбрзиот француски автомобил, а за таа цел моторот беше централно поставен, додека погонот од предните беше префрлен на задните тркала.

По него следуваше Renault 5 Turbo 2, кој исто така беше исклучителен хечбек со истиот мотор како и оригиналот, но сега на ред е да пристигне Turbo 3, кој ќе биде природна еволуција на рели автомобилот од 80-тите години. Иако нема да биде производ на Renault, новоформираната Legende Automobiles саска да му оддаде почит на францускиот модел со една модерна интерпретација без да се занемарат атрибутите кои го правеа оригиналот толку специјален.

Проектот Legende Automobiles беше лансиран пред околу три и пол години од страна на дизајнерот Алан Дерозие, во соработка со калифорниските работилници SoCal Frenchiez Automotive и BloodMotorsport Garage. Неговата цел е да оживее култни автомобили од минатото, истовремено дарувајќи им го духот на модерното доба. Впрочем, првичната идеја на Дерозие била да работи на Porsche 911, но со оглед на тоа дека тој сегмент на пазарот е добро покриен од страна на Singer и сличните компании, одлучил да се насочи кон херојот на неговото детство – Renault 5 Turbo.

Спецификациите се држат во тајност

Засега не се познати никакви детали за моделот, но конкретниот автомобил ќе се нарекува Turbo 3 и ќе ја продолжи стилската традиција на славниот предок. Но, како што напоменавме, ќе добие и модерни елементи. Така, предните фарови ќе бидат изведени во модерна LED технологија, а забележливи се и зголемените предни и задни крила, како и големиот спојлер. Turbo 3 добива и два квадратни завршетоци на издувниот систем инкорпорирани во широкиот заден дифузер.

Возилата ќе бидат во главно рачно монтирани во Лос Анџелес, а автомобилот изведен во стилот на Renault 5 Turbo ќе биде прикажан и под ознаките на Alpine, со тоа што тој модел ќе припаѓа на сегментот електрични автомобили. Оригиналниот Renault 5 Turbo се напојуваше 1,4-литарски турбо со 160 КС и 221 Nm максимален вртежен момент, а моделот се одликуваше и со специфичните седишта развиени од страна на Bertone.

Поврзани вести

Back to top button