Suzuki и Daihatsu се приклучија на новиот сојуз на Toyota
Јапонските компании Suzuki и Daihatsu се приклучија на коалицијата за комерцијални и мали возила која е предводена од Toyota
Пред неколку месеци Toyota откри дека започнува партнерство со компаниите Isuzu и Hino кое ќе се однесува на комерцијалните електрични возила и CASE технологиите. Сега, во ова партнерство на Toyota се приклучуваат и Suzuki и Daihatsu. Двата производители потврдија во соопштение дека ќе добијат по 10 проценти удел во заедничкиот ентитет, исто како и Isuzu Motors и Hino Motors. Останатите 60 проценти остануваат во посед на Toyota.
„Со тоа што Suzuki и Daihatsu се приклучуваат на проектот и ќе соработуваат заедно со нас, ќе имаме можност да го прошириме нашиот круг на соработка не само да ги покриеме комерцијалните возила, туку и малите возила. Со оваа експанзија, верувам дека ќе бидеме во можност да отидеме чекор поблиску до подобро мобилно општество“3, изјави претседателот на Toyota, Акио Тојода.
Заедничкиот ентитет, наречен Commercial Japan Partnership (CJP) беше оформен во април 2021 година и има три главни цели. Да ја подобрат ефикасноста на логистиката со изградба на конектирана технолошка инфраструктура која ги поврзува камионските логистики со малите комерцијални возила, да се прошири користењето на напредните безбедносни технологии во комерцијалните и мини возилата и да соработуваат на користење на технологиите за електрификација на достапни и високо квалитетни мини возила.
Посебен фокус и на мини автомобилите
Партнерството ќе доведе до зголемено користење на хибридните и целосно електричните погони во сегментите на мали и комерцијални возила за кои Daihatsu и Suzuki се специјализирани.
„Нашата мисија е да донесеме на пазарот мали возила кои се достапни и ќе имаат придонес за достигнување на карбонска неутралност и да продолжиме да бидеме незаменлив дел од животите на нашите клиенти. Сепак, постигнување на нашата мисија ќе биде многу тешко ако сме сами. Целото општество мора да работи кон истата цел за да ја достигне. Daihatsu го смета истото, разговаравме за тоа што можеме да направиме заедно. Toyota ни пријде и не покани да работиме заедно. Поради филозофијата и намерите на CJP, ние одлучивме да се вклучиме во проектот“, изјави Тоширо Сузуки, претседателот на Suzuki.