Brabus подготви Racing Green верзија на Smart EQ Fortwo
Тјунерската куќа Brabus ја лансираше својата најнова верзија на Smart EQ Fortwo која го добива името Racing Green Edition
Германската тјунинг компанија, која е најпозната по своите модификации за Mercedes, има нов производ во својата понуда, но овојпат фокусот е на Smart. Brabus направи нова верзија на Smart EQ Fortwo која ја нарече Racing Green Edition.
Автомобилот е финиширан во металик Racing Green боја и е поставен на сет уникатни 16-инчни Brabus Monoblock XI тркала од лесна легура и црни краци со сребрени акценти. Brabus исто така направи и големи промени во ентериерот на EQ Fortwo. Назабележителната од нив се рачно шиените кожни седишта финиширани во Cognac Nappa кожа. Овој тапацир се протега и на управувачот, контролната табла и панелите на вратите и дава луксузно чувство во кабината.
Меѓу останатите промени тука се и спортските педали, новата рачка за паркинг сопирачката, алуминиумски прагови на вратите, уникатен менувач и неколку акценти од лажен карбон на контролната табла. Автомобилот го користи истиот 8,0-инчен инфозабавен систем како и останатите Smart Fortwo модели.
Brabus сепак не направи никакви промени во погонот на малиот автомобил. Така, тој и понатаму е најпојуван од електромотор со 82 КС кој ги придвижува задните тркала, кој му овозможува на малиот автомобил да го достигне спринтот до „стотка“ за 11,6 секунди, додека максималната брзина е 130 километри на час. За енергијата на електромоторот е задолжена малата батерија од 17,6 kWh која му овозможува на Fortwo да мине 129 километри со едно полнење.
Инаку, Smart брендот наскоро ќе ја прошири својата понуда со лансирање на електричен кросовер концепт на престојниот Салон во Минхен. Иако станува збор за концепт, се очекува овој модел да биде веродостоен претставник на продукциската верзија која ќе пристигне во 2023.