fbpx

SsangYong со тизер цртежи го најави својот нов SUV

Корејскиот производител SsangYong ја претстави својата дизајнерска насока која ќе се применува кај престојните возила

SsangYong подготвува нови возила кои би требало да отворат ново поглавје во историјата на јужнокорејскиот производител, а за таа цел претстави два цртежи со кои ги најавува дизајнерските елементи со кои ќе се карактеризираат SUV моделите на компанијата. Наречен X200, овој SUV треба да го претставува етосот на компанијата – Powered by Toughness.

Цртежот кој е претставен инкорпорира и неколку препознатливи дизајнерски елементи од конкурентите на SsangYong, а сето тоа придонесува за да се достигне ефект компактниот SUV да делува цврсто, забавно и агресивно. Од корејската компанија велат дека за инспирација ја искористиле сопствената историја, користејќи го оригиналниот Korando SUV од 1983, кој пак беше инспириран од легендарниот Jeep CJ.

Оттаму, производителот постави четири базични дизајнерски концепти кои X200 ќе треба да ги следи, а тоа се Robust Architecture, Unexpected Design, Vibrant Contrast и Communion with Nature. За жал, иако е инспириран од Korando, кој е компактен кросовер, компанијата не откри каде точно X200 ќе биде сместем во поставата кога станува збор за неговата големина.

Овие дизајнерски концепти, сепак, треба да ја инспирираат цврстата и структурална форма, контрастот меѓу цврстиот изглед и естетичките елементи, неговата хармонија со природата и ќе помогне да се привлечат љубителите на „оф-роуд“ возилата.

Новите модели треба да го препородат брендот

X200 го следи претставувањето на J100. SUV и пикап моделот беа претставени во јуни и исто така го користат Powered by Toughness дизајнерскиот етос. Сите возила се дел од планот за реетаблирање на брендот.

Иако SsangYong не истакна експлицитно дека погонот на X200 ќе биде електрифициран, беше најавено дека овие нови возила ќе се комбинираат со цел да му дадат сигурен пласман на SsangYong на SUV пазарот и ќе се одликуваат со „еколошки погони“. И додека J100 е базиран на нова платформа која може да користи и целосно електрични и погони со мотор на внатрешно согорување, корејската компанија го оспособи актуелниот Korando да може да користи електричен погон, навестувајќи дека компанијата инвестира во оваа технологија.

„Ја реинтерпретиравме нашата идна дизајнерска визија и производствена филозофија со извлекување на инспирација од нашето уникатно наследство. Со престојните J100 и X200 модели, подвлековме линија во песокот кога станува збор за дизајнот и се отсега па натаму ќе ја следи оваа нова дизајнерска насока на брендот“, изјави шефот на SsangYong дизајнерскиот центар.

Поврзани вести

Back to top button