fbpx

Футуристички концепт електричен Renault Clio

Renault со забрзани чекори оди кон електрифицираната иднина каде што традиционалните модели ќе коегзистираат со новите

Францускиот производител се насочува кон електрификацијата и со забрзано темпо работи на својата ЕВ иднина. За тоа се потребни целосно нови електрични возила, но и оние веќе добро познатите да добијат електричен погон. Во моментов, Renault има тројца претставници во B-сегментот, а меѓу нив е и Clio. Легендарниот модел има историја подолга од 30 години и прилично лојална клиентела. Токму затоа, тим на независни дизајнери ја осмислија целосно новата шеста генерација како електричен модел.

Наречен Clio IV, овој проект е спонзориран од страна на Renault Design Center во Франција на Државната школа за дизајн. Тимот е сочинет од Титуан Лемаршанд и Гијон Мазерол, кои се задолжени за екстериерот, како и Сезар Баро за ентериерот. Нинвниот тутор Марко Брунони, кој исто така работи како виш дизајнер за екстериер во Renault, го надгледуваше дизајнерскиот процес.

Како што може да се забележи од рендерите кои се објавени во прилог, концептниот автомобил се карактеризира со впечатливи пропорции со големи тркала, големи стаклени површини и агресивен дизајн на деталите. Целата идеја е да се комбинира транспарентна средна структура која е поврзана со панелите на предниот и задниот дел симболизирајќи ја поставката на два електромотори.

Кабината е опкружена од стакло, со особено наклонета шофершајбна која произлегува од кратката хауба. Исто така може да се забележи дека и вратите се направени од стакло, а се истакнуваат и нагласените предни и задни крила.

Одлична естетика со премиум чувство

LED светлечкиот потпис на предните светла со тенки хоризонтални и вертикални елементи е инспириран од Renault Megane eVision Concept. На задниот дел, LED светлата се потсетник на R5 Turbo и го опколуваат големиот интегриран дифузер. Двојниот заден спојлер е екстензија на стаклениот покрив и е направен од истиот материјал.

Во внатрешноста има простор за четири патници кои би биле сместени во футуристички седишта кои изгледаат како скап мебел. Контролната табла се одликува со дрвен трим, а лебдечката централна конзола е уште еден потсетник на дизајнерскиот јазик на Renault, додека физичките контроли се сведени на минимум. Зад патниците се наоѓа багажен оддел со прегради со што се зголемува практичноста.

Renault Clio

Целта на овој проект е да се замисли возило за четири патници кое ќе биде поставено на идната електрична платформа на Renault. Конечниот резултат е навистина импресивен за тим на студенти по дизајн, прикажувајќи го сиот потенцијал на електричната мобилност во смисла на форма. Иако дигиталниот концептен автомобил е веројатно премногу футуристички за да се земе предвид за следната генерација на Clio, сепак одлично си ја врши работата кога станува збор за осмислување на иднината на овој сегмент на автомобили, комбинирајќи ја аеродинамиката и естетиката на каросеријата со пространа кабина и премиум чувство за патниците.

Поврзани вести

Back to top button