fbpx

Porsche со специјална верзија на 911 GT2 RS

Германскиот производител Porsche подготви специјална верзија на 911 GT2 RS наречена Clubsport 25 во чест на 25-годишнината на Manthey-Racing

Manthey-Racing започна со своето делување пред 25 години, а Porsche го презеде мнозинскиот пакет акции во тркачката компанија во 2013 година. Со цел да ја прослави 25-годишнината, Porsche ќе произведе ексклузивен модел наречен 911 GT2 RS Clubsport 25 кој е дизајниран за доминација на тркачката патека.

911 GT2 RS

Porsche 911 GT2 RS Clubsport 25 е сличен со Porsche 935 од 2018 година со тоа што двата модели се базирани на стандардниот 911 GT2 RS Clubsport моделот од 991 генерацијата. Clubsport 25 треба да ја пополни празнината меѓу овој и моделот од 992 генерацијата кога станува збор за технологијата и аеродинамиката, што значи дека автомобилот е опремен со битурбо 3,8-литарски шестцилиндричен мотор кој испорачува 700 КС. Моќноста се пренесува на задните тркала преку седумстепениот PDK менувач со двојна спојка.

Голем број на модификации

За инспирација, Porsche го искористи моделот на Manthey 911 GT3 R, кој се прослави со својата уникатна зелено-жолта Grello „униформа“. Оваа комбинација на бои се наоѓа и на оваа специјална верзија на Porsche во форма на храбрите акценти. Една од главните карактеристики на автомобилот е централно позиционираниот радијатор кој го одржува оптималниот проток на воздух на предниот дел. Поставен е зад централниот отвор кој се наоѓа во редизајнираната предница. Аеродинамиката е клучен дел од перформансите на возилото, па затоа Porsche го опреми со затворено подвозје, редизајниран карбонски преден поклопец и масивно задно крило.

Репозиционираниот радијатор и променетиот дизајн на предницата му овозможи на Porsche да го унапреди протокот на воздух кон предните сопирачки со отстранување на радијаторите во предните крила. Ова се само дел од големиот број на модификации кои Porsche ги направи на екстериерот и ентериерот на автомобилот, а истите завршуваат со вграден безбедносен кафез и беџ кој означува дека станува збор за ограничена серија. Porsche планира да произведе само 30 примероци на автомобилот, а секој од нив ќе има цена од 525.000 евра. Испораките се очекува да започнат во јануари следната година.

Поврзани вести

Back to top button