Кинескиот ES8 единствениот конкурент на Model X на пазарот
Компанијата Nio свечено го претстави својот прв сериски модел ES8 и најави почеток на неговата продажба
Всушност тоа е втората изведба на кинескиот производител, но супер моделот Nio EP9 излезе во лимитирана серија и висока цена, па тешко може да се смета за сериска.
Сепак, ES8 Crossover може да го купи секој што го сака. Сериската верзија се разликува малку од концептниот модел прикажан во април во Шангај, порасна во димензии, должината е зголемена за 44 mm и достигнува 5.022 mm, а растојанието помеѓу двете оски за 13 mm и веќе е 3.010 mm. За правење на шасијата и каросеријата на електричниот е користен алуминиум, а на предната и задната оска се поставени по еден мотор.
Нивната вкупна моќност е 653 КС и 840 Nm вртежен момент, кои обезбедуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди. Капацитетот на батериите е 70 kWh, дозволувајќи автономија од 355 km (по циклус на NEDC). Од компанијата додаваат дека при константна брзина од 60 km/h автомномијата достигнува и до 500 km.
Во Nio истакнуваат дека кросоверот ќе се нуди со можност за лесно менување на батериите. Само за 20 долари месечно сопственикот на автомобилот ќе може да добива наполнет акумулатор (промената ќе трае 3 минути), а исто така и да користи енергија од систем за брзо полнење. Во моментов центри на Nio, во кои ќе се нуди услугата, има само во Пекинг, но идејата е до 2020 година во Кина компанијата да има 1100 пункта за замена на батериите и 1200 сопствени станици за полнење. Тие ќе бидат лоцирани во 9 мегаполи во земјата.
На NIO ES8, исто така, има автоматско управување. Тоа е преку системот Nio Pilot, вклучувајќи предна камера, 5 радари, 12 ултразвучни сензори и уште една камера, која може да ја следи само возачот. Во опремата на кросоверот се вклучени исто автопилот за движење по патеката на пат и во сообраќајниот метеж, како и систем за нагло сопирање при потреба. Од компанијата додаваат дека Nio ES8 е првиот сериски автомобил во светот, опремен со вештачка интелигенција NOMI. Тој е „забавен, брз и интуитивен придружник кој ги анимира патниците за време на долгите патувања”.
Цената на електричниот кросовер започна со 67.765 долари.
За споредба, единствениот конкурент на пазарот во моментот Tesla Model X, во Кина е два пати поскап 126.470 долари. Nio планира да стартува со продажба на автомобилот следната година во САД, а во април ќе биде претставен и друг сериски модел на кинескиот производител компактниот Nio ES6.