fbpx

Mercedes ја покажа C-Класа All Terrain во пресрет на Минхен

Во пресрет на одржувањето на Салонот во Минхен овој септември, Mercedes-Benz ги објави првите фотографии од C-Класа All Terrain моделот

Mercedes-Benz C-Класа во караванска изведба добива уште поагресивен и поробусен изглед благодарение на All Terrain изведбата. Тоа значи повисок клиренс и стандарден погон на сите четири тркала, како алтернатива за оние кои не ги сакаат кросоверите.

Mercedes-Benz C-Класа All Terrain

C-Класа All Terrain има клиренс кој е 40 милиметри повисок во однос на стандардниот караван кој се нуди во Европа. Исто така, All Terrain изведбата има и два дополнителни режими на возење. Offroad е за совладување на грубите терени, а тука е и Offroad+ со Downhill Speed Regulation за подобро справување со стрмните надолнини.

Како опција за авантуристите и оние кои сакаат да истражуваат, Mercedes го нуди и Digital Light системот кој додава три моќни LED единици на секој од фаровите. Кога возачот ќе го активира еден од „оф-роуд“ режимите, овие светла се активираат за да осветлат широк агол пред возилото за максимална видливост и функционира единствено при 50 километри на час.

C-Класа All Terrain е достапна или со 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен бензинец, или со 2,0-литарскиот турбодизел. Двата мотори имаат интегриран стартер-генератор како дел од благиот хибриден систем.

Mercedes-Benz C-Класа All Terrain

Кога станува збор за дизајнот, тука е ревидираната решетка со вертикални отвори и решетка со мали отвори низ средината. Тука се и мат темно сивите продолжетоци на предните крила, додека на задниот дел се истакнува затемнетиот долен дел. C-Класа All Terrain има багажен капацитет од 490 литри, кој се зголемува до 1.510 литри кога ќе се поклопат задните седишта. Електронската задна врата доаѓа како стандард и со истата се ракува преку клучот.

Mercedes-Benz C-Класа All Terrain

Во внатрешноста, моделот е достапен со три шеми на бои – црна, Macchiato Beige и црна, или Sienna Brown и црна. Автомобилот е стандардно опремен со возачки екран со димензии од 10,25 ични. Како опција се нуди поголемиот со големина од 12,3 инчи. Инфозабавниот систем за All Terrain има специјален Offroad екран кој ги прикажува аголот на качување, спуштање и управување. Исто така ги прикажува и геокоординатите на возилото и има компас.

Mercedes-Benz C-Класа All Terrain ќе дебитира на Салонот за автомобили во Минхен во септември. Моделот ќе се најде во продажба во Европа подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button