fbpx

Opel Astra слави 30 години успеси и промени

Еден од најпродаваните автомобили во историјата, Opel Astra, слави 30 години постоење и пет генерации на успеси и промени кои ги носи на пазарот

Opel Astra e еден од најуспешните модели кои се појавиле на европскиот пазар, а со секоја своја генерација моделот претставува хит кај импортерите и автомобилските салони. Благодарение на врвните технологии во компактно издание, Astra е неизбежен хит и кај купувачите. Сега на редот доаѓа и најновата генерација која внесува и plug-in хибриден погон, покрај опциите со конвенционален мотор.

Во 1991 година, Opel Astra ја наследи традицијата на пионерски иновации во сегментот на компактни автомобили и ги направи достапни за пошироката јавност од Opel Kadett. Заедно со својот претходник, и повеќе од кој било друг модел, Astra стана амбасадор на промените на брендот Opel, пренесувајќи важни пораки од производителот на автомобили до јавноста. Тие вклучуваат експресивен дизајн, разновидност и динамично возење, како и возбуда, пристапност и германска прецизност.

Во склад со времето: Името Astra дебитираше во 1991 година

Opel Astra
1991 Opel Astra

Кога Opel Astra прв пат ја доживеа својата светска премиера во 1991 година, светот беше во период на транзиција. Новата генерација на компактниот модел на Opel целосно го отелотвори духот на промената. Се здоби со ново име – Аstra. Интерно познат како Astra F, тој исто така се фокусираше на еколошката компатибилност, со високо ниво на рециклирање. Купувачите се собраа во продажните салони кај импортерите и дилерите. Со тоа што Оpel произведува околу 4,13 милиони единици помеѓу 1991 и 1997 година, Аstra F е најпродаваниот модел на брендот досега.

1997: Холивуд доаѓа во Rüsselsheim со Астра G

Успехот на Astra F беше тешко да се надмине, па кога дојде до следната генерација, Брендот мораше да создаде нешто поразлично од другите. На пример, тимот за стајлинг ја создаде Astra G со помош на филмот “Jurassic Park”. Дизајнерите користеа компјутерска програма за помош при дизајнирање (CAD) наречена АLIAS, која првично беше развиена за компјутерски анимирани филмови, како што беше холивудскиот блокбастер. Софтверот му овозможи на тимот да работи на новиот модел во виртуелна, тродимензионална средина.

Самата Astra H постигна скоро блокбастер статус во 2003 година. За време на премиерата на третата генерација на моделот во Франкфурт, угледниот германски автомобилски магазин „Аuto Мotor und Sport“ направи анкета меѓу читателите за автомобилот кој им оставил најголем впечаток. Новиот Opel победи убедливо со 52 проценти од гласовите.

Opel Astra

Со четвртата генерација, Opel ја прескокна буквата „I“ за да избегне забуна со бројката „1“. Така, Astra J беше таа што во 2009 година превзема напредни технологии од успешната Opel Insignia со средна големина и за прв пат ги донесе во компактната класа. Благодарение на предните светла AFL+, Astra можеше да се забележи на свиоци, додека предната камера Opel Еye не само што ги препозна сообраќајните знаци, туку можеше да ги предупреди возачите доколку се изложени на ризик да преминат од лентата.

Со Intellilux LED Мatrix предни светла до „Автомобил на годината“

Продолжувајќи ја долгогодишната традиција, Astra K исто така се истакна со својата технологија за осветлување. „Европски автомобил на годината за 2016“ кој беше првиот што воведе адаптивни Intelli-Lux LED предни светла кај возилата од компактниот сегмент кои можеа да се пронајдат кај луксузните и премиум модели од повисоките класи. Покрај тоа, новата Astra K се истакна и со воведување на ергономски предни седишта сертифицирани од AGR (Aktion Gesunder Rücken/Кампања за поздрав грб). Седиштата може дури и да се подобрат со функции за вентилација и масажа, слично на денешната сосема нова Astra.

2019 Opel Astra

Шеста генерација од најдоброто возило: Аstra од 1991 до 2021 година

Со објавувањето на моделот во 2021 година, Opel Astra влегува во својата шеста генерација и започнува уште една нова ера. За прв пат, автомобилот од компактна класа ќе биде достапен со електричен погон, како plug-in хибрид во две нивоа на изведби. Покрај тоа, ќе има и верзии со високо ефикасни бензински и дизел мотори. Целосно новата Opel Astra го прикажува новиот дизајн на германскиот производител на автомобили- смел и чист, со новото лице на брендот Opel визирот и дигиталниот кокпит Pure Panel.

Поврзани вести

Back to top button