Mercedes го претвори новиот Citan во мини кампер
Новата генерација на Mercedes-Benz Citan ја доживеа својата премиера минатата недела, но германскиот производител веќе презентира нова верзија
Mercedes Citan ја дочека својата втора генерација, а компактното патничко комбе сега доби нова верзија која дебитираше на Салонот за кампери во Дизелдорф. За оваа прилика, Mercedes го прертвори новиот Citdan во мини макпер користејќи VanEssa модули. Конечниот резултат делува мошне практично за кампување, со двоен кревет, неколку прегради за складирање, отстранлива мала кујна во задниот дел без притоа да се ограничува како патничко возило.
Поради пандемијата, камперите станаа многу популарни во последниве година и половина, нудејќи алтернатива на хотелите во време кога некои луѓе сакаат да избегнат патување со авион за време на одморите. Mercedes вели деак „возилата со екстерни димензии приближни на оние на патнички автомобил“ стануваат се попопуларни. Така, новиот Citan кој има должина од 4.498 милиметри и меѓуосовинско растојание од 2.716 милиметри послужи како одлична база за нивниот нов проект. Компанијата веќе ги нуди Marco Polo варијантите на поголемите Vito и V-Класа модели, но ова е првпат да презентираат нешто слично за малата категорија.
Иновативност и компактност
Микро камперот е базиран на Citan Tourer (патничката верзија) користејќи опрема од VanEssa. Модулот на задната мала кујна е сочинет од интегриран шпорет на гас, чешма со 13-литарски резервоар, 31-литарски фрижидер и доволно простор за секаков кујнски прибор. Модулот тежи околу 60 килограми и може да биде инсталиран или отстранет за неколку минути, овозможувајќи Citan да биде користен и како кампер и како секојдневно возило. Исто така пристигнува и во различни опции на бои за персонализација.
Покрај малата кујна, Citan е опремен со VanEssa систем за спиење кој всушност е кревет на преклопување со простор за две лица. Висококвалитетниот душек е поделен на три дела кои ги собира во багажникот над модулот за кујната, овозможувајќи целосно користење на задните седишта.
Mercedes-Benz Citan Camper е претставен на Салонот за каравани во Дизелдорф кој трае до 5 септември. Моделот не е дизајниран само за шоу, бидејќи ќе биде достапен на пазарот од 2022 година.