fbpx

Премиера за новиот Dacia Jogger

Dacia ужива големи успеси во Европа со моделот Sandero, a сега носи нов адут во својата понуда со претставувањето на новиот Jogger

Целосно новиот Jogger се наметнува како четвртиот столб во понудата на Dacia. Станува збор за модел кој е микс на кросовер и миниван со одлични пропорции и конфигурација со пет или седум седишта, со што се нуди „најдобриот сооднос на цена и пространост“ на европскиот пазар. Името Jogger, како што велат од Dacia, го нагласува „спортскиот и природниот дух, како и позитивната енергија“ на моделот, а ги рефлектира типичните карактеристики на романската марка – практичност, робустност и достапност.

Од предницата, па до А-столбот, новиот Jogger изгледа речиси идентично како Sandero Stepway, но малото свиткување пред задните врати додаваат 40 милиметри висина во задниот дел на автомобилот. Со своите 4,55 метри должина, Jogger е најдолгото возило во актуелната понуда на Dacia, а нуди и 708 литри багажен капацитет во конфигурација со пет седишта. Со спуштањето на задната клупа се добиваат масивни 1.819 литри простор во багажникот. Освен тоа, дополнителни 24 литри простор за складирање е достапен низ кабината.

Dacia Jogger

Испробан и сигурен рецепт за ентериерот

Кога станува збор за ентериерот, истиот не е изненадување кога станува збор за Dacia. Jogger добива препознатлив изглед со инфозабавниот екран во форма на таблет поставен на централната конзола и три кружни контроли за клима уредот под него. Базичната верзија ќе пристигне стандардно со држач за телефон наместо екран на допир, со што вашиот паметен уред ќе се претвори во навигациски систем. Останатите стандардни карактеристики вклучуваат автоматски светла и брисачи, ограничувач на брзина и контроли на управувачот.

Исто како и новиот Sandero, Sandero Stepway и Logan, така и Dacia Jogger ќе биде достапен ексклузивно со бензински и LPG мотори. Во понудата нема дизел опција, а најмоќниот агрегат во опсегот е 1,0-литарскиот трицилиндричен мотор со 110 КС. Овој мотор е во комбинација со шестстепен мануелен менувач кој ја испраќа моќноста на предните тркала.

Dacia Jogger

Исто така ќе има и Eco-G мотор со течен нафтен гас и опсег на движење од околу 1.000 километри благодарение на 40-литарскиот ТНГ резервоар и уште 50-литарски бензински резеровар. Во овој момент, нема никакви информации околу опционален автоматски менувач, но не е исклучено Dacia да го прошири опсегот на мотори и менувачи кај Jogger нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button