Минхен: Smart со Concept #1 најавува нова ера за брендот
Брендот Smart најави целосно реосмислување и влез во новата ера на електрификација со нови модели, а најава за тоа е Concept #1
Smart Concept #1 е најава за старт за радикалното реосмислување на брендот за градски автомобили, кој сега е во делумна сопственост на кинескиот гигант Geely. Прикажан во речиси продукциска форма, компактниот SUV е првиот исклучиво и целосно електричен автомобил кој е претставен откако Smart најави дека ќе ги отфрли моторите на внатрешно согорување во 2019 година, истата година во која Daimler и Geely ја најавија својата соработка.
Идниот Smart ќе биде создаден од Geely во Кина, но ќе биде дизајниран од Mercedes, кој осмисли драматичен нов дизајнерски јазик за Concept #1. Со своите 4.290 милиметри должина, и 1.698 милиметри висина, малиот SUV, е малку пократок, поширок и повисок од EQA електричниот кросовер на Mercedes. Но, двата модели немаат никаква поврзаност под надворешноста. Идните Smart модели ќе бидат базирани врз платформата развиена на Geely која исто така ќе се најде кај новите модели на Volvo.
Чистиот дизајн се одликува со тесни фарови, подигната хауба и голем осветлен панел кој е имитација на традиционалната решетка. Тоа е само почеток. Од решетката, светлечките ефекти се движат истовремено со музиката заедно со страниците на возилото, па се до задниот дифузер. C-стлбовите добиваат сега веќе препознатлив деллив стил кој оддава впечаток на лебдечки покрив, а го нема B-столбот благодарение на задните врати кои се отвораат преку светлечки елементи чувствителни на допир, но дали ова ќе се најде кај продукцискиот модел, се уште не е познато.
Продукцискиот модел пристигнува во 2023
Smart вели дека и покрај компактните димензии, пространоста на овој SUV е главниот адут, бидејќи големите 21-инчни тркала се ставени на самите краеви на автомобилот. Иако моделот е со четири седишта, продукцискиот модел ќе има простор за петмина и простор за нозе кој може да парира со возилата од повисока класа.
Големиот панорамски сончев покрив овозможува директна сончева светлина во кабината, каде пак доминира лебдечката централна конзола која се претопува во горниот дел од контролната табла, различно од некои модели на Мercedes. Повеќе сличност има во стилот и локацијата на 12,8-инчниот инфозабавен екран кој лебди над врвот на контролната табла.
Smart не објави никакви технички детали за погонот на електричниот автомобил, но вели дека може да се користи паметна апликација како дигитален клуч и дека SUV моделот се одликува со напредни системи за асистенција и можноста да добива бежични унапредувања.
Новиот SUV на Smart треба да пристигне во продукциска форма во Европа и Кина до 2023 година.