fbpx

Минхен: Премиера за Renault Megane E-Tech

Renault го претстави новиот и целосно електричен кросовер Megane E-Tech на Меѓународниот Салон за автомобили во Минхен

По претставувањето на Megane eVision концептот минатата година, Renault сега ја прикажа и продукциската верзија на студијата наречена Megane E-Tech на Салонот во Минхен. Електричниот кросовер на француската компанија е првиот модел кој ќе го понесе Nouvel R логото на Renault.

Renault Megane E-Tech

Megane E-Tech останува доследен на дизајнот на концептниот автомобил со минимални промени, задржувајќи го карактеристичниот кросовер изглед, а притоа моделот во себе го инкорпорира „sensual tech“ дизајнерскиот јазик. Автомобилот пристигнува со 4,21 метри должина и меѓуосовинско растојание од 2,70 метри. Базичните верзии се одликуваат со 18-инчни тркала, но премиум варијантите се поставени на 20-инчни тркала. Меѓу останатите интересни дизајнерски елементи се тенките и full LED светла со 3D ефекти на задниот дел, двобојните отвори за воздух на предниот браник, високата постава и купеовската покривна линија, како и „претопените“ рачки на вратите.

Renault Megane E-Tech

Megane E-Tech е првиот Renault кој е поставен на CMF-EV платформата на која исто така е поставен и Nissan Ariya електричниот кросовер. Единечен електромотор е достапен во две различни варијации, или со 130 КС и 250 Nm, или со 218 КС и 300 Nm. Најмоќната верзија овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 7,4 секунди.

Renault Megane E-Tech

Новата литиум-јонска NMC батерија од LG тежи 395 килограми и е мошне тенка, со висина од 110 милиметри. Батеријата достапна во два капацитети – 40 kWh за опсег на движење од 299 километри и поглемата од 60 kWh која нуди автономија до 470 километри според WLTP. Според Renault, корисниците ќе можат да добијат 399 километри опсег со 8 часа полнење користејќи 7,4 kW ѕиден полнач, односно за само 30 минути ако се користи 130 kW брз полнач. Тука е и регенеративниот сопирачки систем од четврто ниво за екстра ефикасност.

Целосно нов дизајн на ентериерот

Во внатрешноста се наоѓа OpenR кокпитот, кој претходно се појави кај концептните автомобили на Renault, комбинирајќи 12,3-инчен дигитален инструмент кластер со вертикално ориентиран 12-инчен инфозабавен екран. И додека сето ова изгледа мошне футуристички, базичното ниво на опременост добива помал 9-инчен екран на допир. Во секој случај, системот инкорпорира Qualcomm Snapdragon процесор и Android Automotive Operating System со Google услуги како Google Assistant и Google Maps.

Renault Megane E-Tech

Базичната и средните верзии се одликуваат со текстилен финиш на контролната табла, додека премиум нивото доаѓа со облога од вештачка кожа. Тука е и Алкантара тапацирот, full-LED амбиенталното осветлување и Nuo декоративниот дрвен финиш во комбинација со „титаниумски“ штепови на седиштата. Arkamy аудио системот е дел од стандардната опрема, додека достапна е и Harman Kardon опцијата со 410W со 9 звучници. Автомобилот исто така е опремен и со 26 ADAS системи поделени во три категории – возење, паркинг и безбедност – вклучувајќи го и полуавтономниот Active Driver Assist и речиси целосно автономната Full Auto Park карактеристиката.

Благодарение на пакувањето на електричната платформа, Renault Megane E-Tech има пространа кабина, нудејќи сличен простор како и конвенционалниот Megan и покрај помалите димензии на екстериерот. Багажникот има капацитет од 440 литри со дополнителни 22-литарски простор под багажникот наменет за каблите за полнење. Исто така има и дополнителни прегради за складирање во кабината за комбиниран 30-литарски капацитет, плус четири USB-C портови за полнење.

Renault Megane E-Tech ќе се произведува во ElectriCity комплексот на Renault групацијата во северниот дел на Франција. Лансирањето на пазарот во Европа е планирано за март 2022 година, а нарачките ќе бидат отворени во февруари.

Поврзани вести

Back to top button