fbpx

Toyota го претстави RAV4 Adventure за европскиот пазар

Јапонскиот производител ја проширува својата понуда на европскиот пазар, а најновиот додаток во опсегот е RAV4 Adventure

Toyota го претстави RAV4 Adventure во Европа, кој не само што добива поробусен изглед, туку и серија на помали унапредувања кои ќе го опфатат и остатокот од опсегот на RAV4 за 2022 година. Исто така, ова е прв пат робусната варијанта на популарниот SUV да е достапна на Стариот континент.

RAV4 Adventure го добива истиот дизајн на браникот како и американскиот модел, со што се разликува од остатокот од европските модели на јапоснката компанија благодарение на различната решетка, отвори за воздух и сребрените заштити на подвозјето. Сличен дизајн беше користен кај Toyota FT-AC концептот кој ја најави четвртата генерација на RAV4.

Новина кај RAV4 за 2022 во Европа се редизајнираната графика на LED фаровите заедно со LED магленките. Adventure верзијата исто така добива и Urban Khaki / Dynamic сив двобоен финиш на екстериерот, потсетник на FJ40 Land Cruiser, пошироки сводови над тркалата и сет на мат сиви 19-инчни тркала од лесна легура. За регуларните хибридни и бензински варијанти, Toyota дизајнираше нов сет на тркала финиширани во светло сребрена и сјајно црна боја.

Toyota RAV4 Adventure

Во внатрешноста, новиот Toyota RAV4 Adventure се одликува со тапацир од црна синтетичка кожа со извезена површина на седиштата и портокалови конци, како и сет на специјални плочки на праговите. Освен тоа, целиот RAV4 опсег ќе има бенефит од стандардното електронски подесиво предно совозачко седиште, осветлени контроли за прозорците и нови USB-C портови.

Под хаубата нема никакви изненадувања и таму се наоѓа четвртата генерација на хибридната технологија на Toyota и стандардниот AWD-i систем. Погонот комбинира 2,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор со два електромотори за системска моќност од 222 КС и 221 Nm максимален вртежен момент.

Првите испораки на новиот Toyota RAV4 Adventure и остатокот од освежените RAV4 модели се очекуваат во првиот квартал од 2022 година во Европа.

Поврзани вести

Back to top button