fbpx

MG се пофали со Maze, концепт инспириран од видео игри

Британскиот бренд MG Motor, кој веќе неколку години е во сопственост на кинескиот гигант SAIC, го претстави својот најнов ЕВ концепт

Во поставата на легендарниот британски бренд MG доминираат SUV возилата. Сепак, компанијата која е во сопственост на кинескиот гигант SAIC јасно се обидува да донесе нешто ново и специјално во автомобилската сфера кога станува збор за концептите. Така, компанијата го лансира MG Maze, футуристички ЕВ концепт кој е инспириран од гејмингот и видео игрите.

Концептот е претставен од страна на SAIC Design кој е одговорен за сите модели во опсегот на MG. Проектот е креиран за време на пандемиските карантини, а мотото е едноставно – „Играта е важна. Откривањето е важно. Авантурата е важна“.

MG Maze Concept

Дизајнот на екстериерот е инспирирано од страна на гејминг хардверот. Оттаму и големата стаклена површина која открива голем дел од внатрешните елементи. На истиот начин, шасијата која ги содржи електромоторот и менливата батерија е дизајнирана со plug-and-play стил. Графичката единица и централната процесирачка единица, како и вентилаторот за разладување се исто така видливи. Слично на најмодерните и најнапредните персонални компјутери.

Се на се, MG Maze има аеродинамична силуета, минимални надвиснувања, нагласено извајани преден и заден дел, проминентни аеродинамични карактеристики и големи тркала. Предниот дел направен целосно од поликарбонат се отвора нагоре откривајќи го подеднакво футуристичкиот ентериер со две седишта. ZERO Gravity дизајнот на седиштата вклучува и високотехнолошки материјал во пурпурна и розева боја.

MG Maze Concept

Инспириран од гејминг културата и во потрага за реосмислување на мобилните видео игри за 21 век, MG Maze им овозможува на возачите да станат играчи во лов на богатство во реалниот свет. Конкретно, со користење на паметниот телефон и софистицираниот кориснички интерфејс кој го покрива целиот преден дел на автомобилот прикажувајќи 3D мапа и ред други работи, возачот ќе може да открива дигитални уметнички дела околу градот.

Со ова, SAIC Design верува деак ќе успеат да ја вратат забавата во возењето на електричните коли. Како што може и да се претпостави, MG Maze не најавува продукциски модел. Наместо тоа, функционира како дизајнерска студија инспирирајќи ги дизајнерите за далечната иднина.

Поврзани вести

Back to top button