fbpx

Салонот во Женева откажан трета година по ред

Иако помпезно беше најавено повторното одржување на Салонот во Женева, организаторите одлучија повторно да го откажат истиот

Коронавирусот создаде сериозни проблеми во автомобилската индустрија, а и покрај првичната стабилизација, последиците се уште се чувствуваат. Тоа најдобро го знаат организаторите на Салонот во Женева. Иако закажан, а пред неколку дена и со потврдени точни термини, организаторите на прославениот автомобилски настан кој се одржува на годишно ниво во Швајцарија, кој требаше да се одржи во март идната година, е откажан. Со откажувањето на настанот и за 2022 значи дека Женева нема да се одржи три години во низа.

„Дадовме се од себе и се обидовме да направиме се што е во наша моќ за да го реактивираме Меѓународниот Салон за автомобили во Женева за 2022 година. И покрај нашите напори, мораме да се соочиме со фактите и реалноста – пандемијата не е под контрола и се прикажува како голема закана за големи настани на затворено како што e GIMS“, вели Морис Туретини, претседателот на Comité permanent du Salon international de l’automobile.

Сепак Туретини инсистира на тоа дека ова соопштение не значи и тотален крај за Салонот во Женева. „На оваа одлука гледаме како на одложување, наместо на откажување. Јас сум сигурен дека Меѓународниот Салон за автомобили во Женева ќе се врати уште посилен во 2023 година“.

Настанот во Катар засега без промени

Плановите за одржување на настанот во Доха, Катар, кон крајот на 2022 или 2023 засега остануваат непроменети, иако се чини дека опцијата за 2022 засега е неизвесна.

Главната причина за откажувањето на шоуто е актуелното ограничување на глобалното патување што резултира со пандемијата. Сепак, глобалниот недостаток на полупроводници во моментов го зголемува хаосот во производствените календари за производството на автомобили, што исто така е дел од одлуката.

„Кризата со чиповите по се изгледа ќе продолжи и следната година, со негативни финансиски импликации. Во овие несигурни времиња, голем број брендови немаат можност да се посветат на учество на настан кој ќе се одржи за само четири месеци“, изјави Сандро Мескита, извршен директор на Меѓународниот Салон во Женева.

Поврзани вести

Back to top button