fbpx

Aston Martin Vulcan за обични патишта

Aston Martin досега направи 24 примероци од супермоделот Vulcan, а само еден од нив е подготвен да би можел легално да се сообраќа на обични патишта

Тоа го стори британската компанија RML Group со дозвола од Aston Martin.

VulcanЗа разлика од сличните супермодели како Ferrari FXX K и McLaren P1 GTR, Vulcan не е дериват на некој регуларен модел, па неговото прилагодување на прописите кои важат за обичните автомобили не е лесна работа. RML има искуство во слични зафати, а од оние попознатите „конверзации“ се на Nissan GT-R и Juke-R.

Vulcan доби предни светла од DB11, но најважните модификации се направени под атрактивната каросерија. Голем дел од нив се однесуваат на безбедносните состави и потребата автомобилот нормално да се управува на патиштата.

Vulcan
Листата опфаќа ново потпирање, сопирачки, менувач…, тука се новите седишта, а инжинерите мораа да го унапредат системот за ладење на огромнииот 7.0 литарски V12 мотор. Според најавите уште четворица сопственици бараат да им се модифицираат нивните верзии на ваков начин.

Поврзани вести

Back to top button