fbpx

McLaren тестира целосно електричен прототип

McLaren започна со првиот тест за целосно електричен автомобил, објави британското издание Autocar

Од производителот велат дека проектот е се уште во многу рана фаза на развој за да се споделат детали, но факт е дека неговиот прв прототип веќе постои.

Досега нема шпионски фотографии од автомобилот и не е познато каква форма и големина има. По претходни информации, електричниот супер автомобил на McLaren ќе биде концептен наследник на 675 LT, што значи дека ќе има забрзување од место до 100 km/h за помалку од три секунди. Технологијата на батериите останува најголем проблем за инженерите.

Според зборовите на еден од главните инженери за околу половина час на патеката при полно оптоварување при тестирањата се троши целосно една голема батерија развиена според стандардите на расположливите засега технологии. Имајки го ова на ум, целосно електричниот McLaren ќе биде реалност од 2020 година или дури малку подоцна. Во меѓувреме, компанијата потврди дека ќе продолжи со развојот на хибридни машини.
McLaren

McLaren

Поврзани вести

Back to top button