ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Suzuki нема да е дел, но ќе купува батерии од алијансата Toyota-Panasonic

Претседателот на Suzuki Motor, Тошихиро Сузуки, објави дека компанијата нема да се вклучи во Унијата на Toyota и Panasonic

SuzukiПретседателот на Suzuki Motor, Тошихиро Сузуки, објави дека компанијата нема да се вклучи во Унијата на Toyota и Panasonic, кои ги здружија силите за развојот на батерии за електрични возила, но може да купува од нив.

Веста за унијата на Toyota со Panasonic е од неодамна, а од автомобилската компанија објаснија дека на овој начин ќе дојде полесно и побрзо до исполнување на целта половина од својата продажби на автомобили во светот во 2030 година да бидат хибриди и електрични.

 

Suzuki– Иако добивме понуда, не сме во можност да се вклучиме во проектот на Toyota и Panasonic, не сме сеуште подготвени за ова, објасни Сузуки.

– Но, ништо не ни пречи да станеме клиенти на овој сојуз, кога тој ќе биде подготвен да понуди излез на пазарот.

 

Дел од договорот меѓу двата гиганти вклучува и заедничко градење на модел за продажба на електрични во Индија, па затоа стигна понуда и до адреса на Suzuki, кој е мошне моќен на овој пазар. Автомобилските производители од целиот свет се обидуваат да лансираат што повеќе електрични, бидејќи регулативите за нивото на штетните емисии постојано се заоструваат. Сојузи, унии, алијанси… помеѓу различни компании ќе се случуваат се повеќе и повеќе, бидејќи цената за развој на нови технологии е премногу висока.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close