Викенд тарифа: Германска премиум битка меѓу M3, AMG C63 и RS 5
Овој викенд е резервиран за уште една интересна драг трка, а овојпат во главните улоги се премиум брендовите BMW, Mercedes и Audi со своите M3, AMG C63 и RS5
Момците од Carwow не престануваат да воодушевуваат со своите интересни драг трки, а најновата ги става на едно место новиот BMW M3 Competition со нешто постариот Mercedes-AMG C63 Black Series од 2011 и Audi RS5 Sportback.
M3 Competition под хаубата има 3,0-литарски шестцилиндричен мотор под хаубата и испорачува 510 КС. Во овој случај, моќноста се испорачува на задните тркала преку осумстепен автоматски менувач. Audi пак кај RS5 користи 2,9-литарски битурбо V6 со 450 КС во комбинација со осумстепен автоматик кој ја испраќа моќноста на сите четири тркала благодарение на Quattro системот. На крајот, тука е Mercedes-AMG C63 Black Series, кој има „олд-скул“ 6,2-литарски природно аспириран V8 со 517 КС, додека седумстепениот автоматски менувач ја испраќа моќноста на задните тркала.
Како сите овие бројки изгледаат на дело, погледнете во видеото во прилог.