Chevrolet ќе се откаже од Volt во 2022 година?
Гласините дека Chevrolet ќе го повлече од производство хибридниот Volt зачестија и можеби дојде време за моделот да влезе во историјата
Се претпоставува дека тоа ќе се случи до 2022, а моделот е жртва на новиот курс на GM, кој вложува сериозно во електрични автомобили и кросовери.
Пред неколку месеци се појавија интересни информации дека пазарните стратези на GM планираат да ја намалат гамата за шест модели до крајот на оваа деценија. Еден од нив е Volt, со вграден хибрид или чисто електричен модел. Елиминацијата на Volt најверојатно нема да биде големо изненадување, со оглед на тоа што продажбата на автомобили во САД продолжува да опаѓа, особено во однос на моделите кои се приближуваат до седан форма, како што е Volt.
Chevrolet Volt
Се уште ништо не е решено, но во февруари минатата година, производството на Cadillac ELR, верзијата на Volt на луксузниот бренд на GM, беше прекината. Причината е едноставна, слабата продажба на ELR, само 1.024 единици за целата 2015 година. Сепак, втората генерација на Chevrolet Volt сеуште се продава релативно добро, речиси 25.000 единици во 2016 година и над 18.000 во 11 месеци од 2017 година за кои дилерите имаат податоци. General Motors планира амбициозна офанзива за електрични автомобили, 20 нови модели до 2023 година, па фановите на Volt ќе го најдат својот нов омилен модел меѓу нив.