fbpx

Автомобили што заминаа во историјата во 2017

Списокот на автомобили чие производство беше запрено во 2017 година е подолг

Некои од нив беа „пензионирани” поради старост, додека судбината на другите беше решена од нискиот интерес на клиентите.

Треба да се напомене дека губењето на еден или друг модел во повеќето од овие случаи е предвидено и предвидливо. Автомобилската индустрија не стои на едно место, туку постојано се развива, што одлучува за судбината на постарите машини.

Сепак, во оваа група има и многу изненадувања. Па, да почнеме по азбучен ред, а на него прв е Audi 3 (3 врати). Треба да се запомни дека верзијата на A3 со 3 врати беше претставена во средината на 90-тите. Долго време, овој автомобил беше голем успех, но во последниве години корисниците се свртеа кон повеќе практични автомобили.

Ова го принуди Audi да го сопре од производство А3 со 3 и да ги фокусира своите напори за развивање на верзијата со 5 врати. Причината за „смртта” на познатата BMW 6 е замена со нов модел. Бавраците се подготвуваат за лансирање на BMW 8, која ќе ја замени „шестката”. Во исто време, компанијата пред неколку месеци започна со склопување на стилски и практичениот BMW 6 GT.

Citroen C3 Picasso, овој практичен компактен MVP дефинитивно стана жртва на се поголемиот наплив на кросоверите, кои ја преземаат комплетно улогата на волумените и нудат нешто повеќе. Ова го принуди францускиот гигант да го замени Citroen C3 Picasso, кој се појави во 2009 година, со популарниот Citroen C3 Aircross. Друг модел на францускиот бренд беше принуден да се пензионира поради желбата на производителот да издаде нешто ново. Ситроен C4 хечбек, чие европско деби се одржа во 2005 година, ги носи сите атрибути на трендовските напливи и ваквиот потег беше неминовен.

Збогувањето со Dodge Viper со V10 мотор е вистинска жалост за многу фанови. Причината за неговата „пензија“ е староста. Се појави уште во 1992 година, а по 25 години стаж тој ја напушти сцената откако се покажа дека не може да се прилагоди на најмодерните мерки за безбедност.

Друг модел од сегментот на MVP, кој го напуштил пазарот во 2017 година, е моделот Ford B-Max, откако и тој стана жртва на SUV експанзијата. Во палетата се најде компактниот Ecosport crossover и тоа доведе до пад на интересот за B-Max. Компактниот Honda Civic Tourer не е достапен на сите пазари. И каде што се продаваше, неговите резултати беа прилично слаби. На крајот, јапонската компанија одлучи да го сопре овој модел.

Зошто Mercedes-Benz B класа Electric Drive се покажа како неуспех? Прво, затоа што тоа е MVP (два пати беше тоа) и второ, неговата надворешност е стара. Слична приказна доживеа и Mercedes-Benz CLS Shooting Brake, кој е најголемото изненадување на овој список. Излезе пред 5 години и ја одигра улогата на пионер во оваа класа. Факт е дека изгледаше многу поимпресивно од C и E класа, но ова влијаеше на нејзината практичност. Исто така, беше доста скап.

Škoda Yeti е меѓу најпопуларните модели на оваа листа. Треба да се напомене дека сеуште се продава на многу пазари, па дури и се произведува во некои земји. Местото Yeti го презеде компактен кросовер Karoq, за кој Чесите имаат големи надежи.

Петтата генерација на Toyota Auris опремена со дизел мотор во 2017 година остави голем број пазари низ целиот свет. Причината е слабата побарувачка, што, пак, се должи и на зголемувањето на даноците за такви автомобили во некои земји. Компактниот VW Scirocco конечно се симна од производсвените ленти пред само два месеци поради нискиот интерес за него. Интересно, компанијата како замена го нуди кросоверот T-Roc. Scirocco станува уште еден модел „убиен” од SUV изданијата.

Поврзани вести

Back to top button