fbpx

Porsche 911 GT3 RS против електрична „Буба“

Култниот модел на Volkswagen, популарнтата „Буба“, застанува на мегдан со Porsche 911 GT3 RS, но добива електричен погон позајмен од Tesla

Volkswagen Type 1, или народски позната како „Буба“, е култен автомобил на германскиот производител, а воедно е и своевиден „роднина“ на Porsche 356, бидејќи двата модели имаат врска со семејството Порше, како и тоа што двата модели имаат воздушно ладен мотор поставен на задната страна. Така, оваа трка помеѓу класичниот Volkswagen и Porsche 911 GT3 RS може да се смета како своевидна трка на „дедо и внук“. Но, „дедото“ во овој случај има еден сокриен адут – електричен погон позајмен од Tesla кој ги напојува задните тркала.

Оваа електрифицирана „Буба“ има 450 КС и 675 Nm вртежен момент, додека карбонските панели на каросеријата ја намалуваат тежината на севкупно 1.050 килограми. Од друга страна, 911 GT3 RS има природно аспириран 4,0-литарски шестцилиндричен мотор кој испорачува 520 КС и 470 Nm максимален вртежен момент кои се испорачуваат до тркалата преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Поврзани вести

Back to top button