Gaussin го откри тркачкиот H2 камион дизајниран од Pininfarina
Компанијата Gaussin го претстави својот H2 Racing Truck, за кој вели дека е најмоќниот 100-проценти водороден и електричен камион некогаш направен
Дизајниран да се натпреварува на култното рели натпреварување Dakar во 2022 година во Саудиска Арабија, H2 Racing Truck на Gaussin ја доживеа својата премиера. Камионот е замислен како демонстрација на моќта и сигурноста на водородно-електричната моторизација на Gaussin. Компанијата вли дека податоците собрани за време на новото издание на Dakar ќе се искористат за развој на камиони за комерцијална продажба кои треба да бидат лансирани во 2022 година.
„Новите технологии базирани на обновливи енергии се достапни и зрели и треба да помогнат во забрзување на енергетската транзиција. За Gaussin Group и нашите партнери, овој проект, кој сега стана реалност, претставува технолошко достигнување и плодови на години работа и искуство во мобилноста со нулта емисии“, вели Кристоф Госан, извршен директор на Gaussin.
Моделот е базиран на ултра лесна шасија базирана на модуларна платформа за електричниј возила со сопствен дизајн, H2 Racing Truck се напојува со два мотори кои испорачуваат по 408 КС. Батеријата е иста како и онаа кај Volkswagen ID.4 со 82 kWh. Неговите батерии не мораат да бидат огромни поради неговите водородни горивни ќелии, кои се способни да носат 80 килограми гориво.
Во тркачки услови, со возење при брзини до 140 километри на час – како што диктираат регулативите – Gaussin тврди дека камионот ќе биде способен да помине до 250 километри меѓу 20-минутните паузи за полнење.
Цела постава дизајнирана од Pininfarina
H2 Racing Truck, како и продукциските верзии на камионот кои ќе следуваат, се дизајнирани од страна на Pininfarina. Целосниот опсег на камиони е замислен да изгледа драматично, возбудливо и да има препознатлива сличност.
„Возбудени сме да го видиме овој камион како резултат на исклучителната соработка со Gaussin. Го искористивме нашето долго искуство во дизајнирање на одржлива и интелигентна мобилност во комбинација со нашата способност да креираме уникатни кориснички искуства за да го оформиме комплетниот Gaussin опсег на камиони со нулта емисија“, изајави Силвио Пјетро Ангори, извршен директор на Pininfarina.
Во меѓувреме, камионите кои не се наменети за тркање, ќе се нудат во две нивоа. Камионот со долг опсег на движење ќе може да помине 800 километри со едно полнење, благодарение на водородните горивни ќелии за кои се потребни помалку од 20 минути за полнење. Моделот со пократок опсег кој се напојува само со батерии, ќе може да помине 400 километри со едно полнење и добива батерија која може да се замени за само три минути.