fbpx

Cayenne Turbo GT во салонот на Porsche

Во салонот на Porsche во Скопје пристигна последниот додаток во понудата на модели на Cayenne, а станува збор за Turbo GT варијантата

Најновиот додаток во поставата на Porsche Cayenne, моделот Turbo GT, отсега е достапен и на македонскиот пазар, откако овој моќен и перформансен SUV пристигна во продажниот салон на Porsche во Скопје. Создаден за максимални перформанси и управување, новиот Cayenne Turbo GT комбинира извонредна динамика на возење со висок степен на секојдневна употребливост. Моделот се под хаубата поседува 4,0-литарски битурбо V8 агрегат со моќност од 640 КС кои се основа за извонредни возни карактеристики.

За споредба, Turbo GT има 90 КС повеќе од Cayenne Turbo Coupé и максимален вртежен момент од 850 Nm, што е за 80 Nm повеќе. Благодарение на ова, забрзувањето од нула до „стотка“ е намалено на 3,3 секунди, а максималната брзина е сега 300 километри на час.

Нагласен спортски карактер

Екстериерот се одликува со уште понагласени спортски линии и е достапен исклучиво како купе со четири седишта. Cayenne Turbo GT исто така доаѓа и со сите достапни системи за контрола на шасија вградени како стандардни и гуми со високи перформанси развиени специјално за овој модел. Погонската единица и шасијата исто така имаат уникатна поставеност специјално подесена за Cayenne Turbo GT.

Во споредба со Cayenne Turbo Coupé, Turbo GT е до 17 милиметри понизок. Врз основа на ова, и пасивните компоненти на шасијата и системите за активна контрола на аеродинамиката се реконструирани и оптимизирани за врвни перформанси. Тие исто така имаат специфична калибрација за да гарантираат совршена интеракција меѓу нив. Како на пример, цврстината на трикоморната воздушна суспензија е зголемена до 15 проценти, а карактеристиките на амортизерите на Porsche Active Suspension Management (PASM), примената на Power Steering Plus и управувањето на задната оска, исто така е прилагодено.

Системот за активна стабилизација Porsche Dynamic Chassis Control (PDCC) сега работи со контролен софтвер ориентиран кон перформансите. Резултатот е уште подобра стабилност на патот, како и попрецизно однесување при повисоки брзини во свиоци. Во согласност со ова, системот Porsche Torque Vectoring овозможува повисоки стапки на пристрасност на вртежниот момент. Сеопфатно оптимизираната предна оска исто така го подобрува управувањето. Подобрите перформанси бараат и подобар сопирачки систем, па затоа за оваа задача е задолжен стандардниот систем на Porsche Ceramic Composite Brake.

Брз пренос на брзини и спортски издувен систем од титаниум

Битурбо моторот на Cayenne Turbo GT моментално е најмоќниот осумцилиндричен агрегат на Porsche. Најобемните надградби беа извршени во областите на погонот, турбополначот, директното вбризгување гориво, индукцискиот систем и интеркулерот. V8 моторот на Turbo GT се разликува од оној на Turbo Coupé по основните елементи како што се коленестото вратило, поврзувачките шипки, клиповите и амортизерите за торзионите вибрации. Со оглед на зголемувањето на моќноста до 640 КС, овие компоненти се дизајнирани за поголеми максимални оптоварувања и подобрена динамика на возење.

Модифицирани се и осум-степениот Tiptronic S со побрзо менување и системот за управување со тракцијата на Porsche (PTM). Има и дополнително водено ладење за преносната кутија на менувачот. Стандардниот спортски издувен систем, со неговите централни издувни цевки, е единствен за Cayenne Turbo GT. Од средината на возилото, издувниот систем, вклучувајќи го и задниот придушувач, е направен од лесен титаниум кој е особено отпорен на топлина. Дополнителна заштеда на тежина се постигнува со изоставување на централниот придушувач.

Спортска опрема на екстериерот и ентериерот

Cayenne Turbo GT пристигнува со новата Arctic сива боја, а тука се и неколкуте други карактеристики нагласува својот исклучителен атлетизам преку извонредните карактеристики на неговиот прогресивен дизајн. Тие вклучуваат предница специфична за GT со впечатлив спојлер и зголемени странични доводи за воздух за ладење. Контурен карбонски покрив и црни продолжетоци на лакот на тркалата, заедно со 22-инчните тркала GT Design во Neodyme, доминираат во неговиот страничен поглед. Карбонските странични плочи поставени по должина на спојлерот на покривот се специфични за GT, како и адаптивниот издолжен заден спојлер, кој е 25 милиметри поголем од оној што е поставен на Turbo.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Porsche во Скопје или официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button