Alfa Romeo поставува SUV на врв на својата гама
До неодамна, се веруваше дека Alfa Romeo напорно работи на нов предводник во гамата, на седан кој ќе се позиционира над Giulia, но очигледно Италијанците ги сменија своите планови
Според AutoExpress, Alfa ќе го одложи седанскиот проект и ќе се фокусира на голем SUV со големина на Audi Q7, BMW X5 и Mercedes GLE. Кога моделот ќе биде подготвен, ќе ја преземе улогата на апсолутен предводник во гамата на компанијата. Со цел да се заврши развојот побрзо и поефикасно, Alfa Romeo уште еднаш ќе ја искористи Giorgio платформата, која е во основата на Stelvio и Giulia.
Се разбира, архитектурата ќе биде прилагодена на потребите на поголемиот SUV. Предвидено е дека моделот, кој сè уште нема официјално име, ќе користи лесен хибриден систем за да помогне во намалувањето на потрошувачката на гориво. Во комбинација ќе е 2.0- литарски 4- цилиндерски агрегат со моќност од околу 400 КС и можеби повеќе електромотори.