fbpx

Hyundai Seven концептот е најава за Ioniq 7

На Салонот во Лос Анџелес, Hyundai го претстави концептот Seven кој е електричен и автономен SUV кој го најавува Ioniq 7

Hyundai Seven концептот го најавува продукцискиот Ioniq 7 модел, а овој концепт го прикажува футуристичкиот ентериер, како и креативната визија и напредниот технолошки развој за напредната електрифицирана мобилност. Со својот иновативен ентериер, еколошки погон и врвни безбедносни технологии, овој концепт најавува возбудлива иднина за Hyundai Ioniq 7.

Базиран на E-GMP платформата, овој SUEV модел (Sport Utility Electric Vehicle) има електричен погон. Hyundai сака да достигне опсег на движење поголем од 480 километри и 350-kW полначка способност, што треба да овозможи полнење од 10 до 80 прорценти за само 20 минути.

Hyundai Seven

Кај концептот Seven сепак е поважно да се прикаже она што е внатре. Тркалата се оддалечени максимално, нудејќи 3,2 метри меѓуоскино растојание, како и пространост и комфорт на максимално ниво. Со цел да се достигне „лаунџ“ искуство, традиционалните редови седишта се исфрлени, а на нивно место се поставени пресечен кауч и ротирачки седишта. Од друга страна, Universal Island конзолата е специјално дизајнирана да содржи работи како мини фрижидер и преграда за нега на обувки. Покривот има и панорамски OLED екран кој прикажува содржина и може да ја промени целокупната атмосфера во внатрешноста.

Hyundai Seven

Футуристички ентериер

Возачкото седишта исто така може да се врти и има контроли што се повлекуваат и се сокриени кога не се користат. Тоа нема да биде само при паркирање, бидејќи Hyundai го замислува Seven како автономно возило.

Тоа и овозможува на компанијата да го направи кокпитот тенок и компактен, што прави повеќе простор за екраните да создадат уште поголемо „лаунџ“ искуство, а за уште пограндиозен начин на влез, вратите се без столбови, нудејќи лесен влез до кабината. Seven исто така е опремен и со еколошки материјали како што е био-фарбата која е нанесена на екстериерот. Во внатрешноста се наоѓа минерален гипс, бамбусово дрво и тепих и биосмола, додека речиси се друго е направено од рециклирани или обновливи материјали.

Екстериерот е дизајниран да понуди аеродинамички чиста силуета која се разликува од стандардниот SUV модел. Препознатливите светла на Ioniq наречени Parametric Pixel помагаат за Seven лесно да се препознае. Инаку, Seven како концепт го најавува Ioniq 7, кој пак треба да се појави во 2024 година, иако дел од футуристичките елементи кои се прикажани кај концептот ќе бидат променети или целосно отстранети во продукциската верзија.

Поврзани вести

Back to top button